Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Eквадор: Злоупотребата на медиумите во текот на кампањата за Уставен референдум

Торку пешадинец

Тарку пешадинец во текот на вечерта по повод ослободувањето во Куито – Фотографија од Преседенција де ла Република употребена под Криејтив Комонс.

10ти Август се смета за државен празник на Еквадор, бидејќи на овој датум во 1809 година луѓето од Куито предводени од националниот херој Евгенио Еспехо ја декларираа својата независност од Шпанија. Еквадорците дома и во странство го прославија Денот на независноста со кренати знамиња, огномети, музички фестивали, културни изложби и многу повеќе. Како и да е, блогосферата сѐ уште го имаше на ум претстојниот референдум, посебно откако медиумите, а посебно телевизијата се повеќе ги загадува умовите на децата и луѓето и како овие простори се злоупотребени од владата за промоција на Уставниот референдум.

Андрес Мартинез (шпански) од Атениенс во Мадрид, зборува за погрешното сфаќање на слободниот говор од Еквадорската телевизија и дека тие одат надвор од концептот на етиката , моралноста и надвор од нормалните граници на слободата. Тој тоа го нарекува „Телеѓубре“:

A esto se debe sumar la tergiversación de contenidos por parte de los propios medios de comunicación, situación visible pues amparados en el derecho fundamental a emitir información, estos, manipulan, agreden, intoxican, deforman, deseducan y pervierten. La libertad de información ha terminado por ser una libertad propia de los medios y no de la sociedad y el ciudadano como debería ser

Кон ова, уништувањето на содржината од повеќето медиуми мора да се земе во предвид и очигледно е дека се заштитени од фундаменталното право да пренесуваат информации, тие манипулираат, напаѓаат, трујат, уништуваат, искривуваат и контраобразуваат. Слободата на говорот заврши должејќи се на тоа што тоа е само слобода за медиумите, а не за општеството и граѓаните, како што треба да биде.

Ла Алхараца (шпански) тврди дека постојат и подобри цели за употреба на парите потрошени од дел од владата. Работејќи за една од најголемите рекламни компании во Еквадор, таа вели дека трошењето на 40 милиони долари за реклама е премногу и ваков преседан нема во историјата на Еквадор. Зборувајќи на ТГП (Таргет Грос Рејтинг Поинтс), таа тврди:

Lo cierto es que el vendaval de publicidad oficial al que estamos expuestos los ecuatorianos es impresionante. Son casi 15 millones de dólares gastados hasta el momento, que en realidad corresponden a una campaña de un valor de 40 millones de dólares, en el lapso de 19 meses de gobierno. Se han desembolsado 15, en base a descuentos otorgados por los medios, pero el valor real de la campaña es 40 millones de dólares (según fuente El Universo).

Вистината е дека напливот на владини реклами на кои што Еквадорците се изложени е импресивен. Тоа се 15 милиони долари потрошени досега, што одговара на кампања вредна 40 милиони долари во изминатите 19 месеци на Владата. 15 милиони долари беа распоредени, врз основа на попустот овозможен од медиумите, но вистинската вредност на кампањата е 40 милиони долари (според изворот Ел Универзо).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.