- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Израел, Палестина: Бесплатен виртуелен компјутер ги пробива бариерите

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Израел, Палестина, Технологија

Новиот израелско-палестински интернет бизнис наречен G.ho.st (дух) ги предизвикува Microsoft [1]и Google [2]на натпревар во развивањето на “cloud computing” оперативен систем кој им овозможува на луѓето да пристапуваат до своите фајлови и софтвер преку интернет.

G.ho.st [3] [3]беше покренат на 13 јули и нуди 15GB слободен диск простор како и најразлични апликации за едитирање на документи, презентации и табели. Системот му овозможува на корисникот да управува со електронска пошта, фотографии, видеа, обележувачи и опција за пристап преку било кој компјутер или преносен уред [4] кој има интернет пристап. Оперативниот систем моментално е достапен на 20 јазици, вклучувајќи го и еврејскиот и арапскиот. G.hos.t е отворен [5] за подобрувања на преводите како и придонесувачи за нови јазици, правејќи го пристапен до колку што е можно повеќе луѓе.

Еве видео кое објаснува како системот бил развиен:

Слоганот на оперативниот систем “Без ѕидови” е она што предизвика многу возбуда. G.ho.st не само што ги надминува технолошките ѕидови или бариери правејќи ги податоците нешто што повеќе не е поврзно со уредот, туку исто така и ги надминува и политичките ѕидови и поделби. [6]

Виртуелниот оперативен систем е резултат од ретката соработка помеѓу израелски и палестински развојни тимови на двете страни од неславниот поделбен ѕид на Западниот брег. G.ho.st беше оформен во 2006 од Зви Счребер, израелски бизнисмен, а главниот инженер Елиас Кхалил е Палестинец.

Нивните тимови никогаш си ги немаат видено канцелариите затоа што Палестинците често не можат да добијат дозвола за влез во Израел. А, пак Израелците немаат дозвола за патување во одредени области на Западниот брег. Најчесто комуникацијата помеѓу двата тима се одвивала преку видео конференција. Како што објаснува веб сајтот на G.ho.st [7]

Духовите одат низ ѕидови и првиот ѕид низ кој оди G.ho.st е ѕид од 425 милји и ограда кој Израел ја гради во Западниот брег помеѓу себе и Палестинците и кој физички го дели G.ho.st тимот на два. Сепак интернетот и позитивната колаборација помеѓу човечките суштества ги минува сите физички граници.

Досега најчестите реакции за оперативниот систем се позитивни. Еве некои од коментарите кои се појавија на  Twitter:

sstrand12 [8] :

Виртуелно исполнет систем, развиен од израелско – палестинскиот тим. Навистина корисен, нема повеќе испраќање на електронска пошта на себе: http://g.ho.st/ [9]

jebbrilliant [10]: [10]

Мислам дека G.ho.st има огромен потенцијал за оние кои не можат да си дозволат компјутер, но имаат пристап до еден. Проверете на G.ho.st

wllm [11]:

Зошто не можеме да се сложуваме? Како овие луѓе: http://bit.ly/MySDY [12] #cloudcomputing [13] #g [14].ho.st #palestine [15] #israel [16] #cloudheads [17]

Изгледа дека постои интерес за користење и развој на оперативниот систем во иднина:

jebbrilliant [18]:

@Ew4n [19] Недостасува мобилна верзија, но предвидувам дека G.ho.st ќе им биде користен на луѓето со основни слушалки и пристап до заеднички компјутер.

markherring [20]:

Дали некој го користи  g.ho.st со своите ученици. Може да ја реши заштитата на податоците и чувањето на истите во училиштата. Нема потреба од огромни сервери?

Без разлика на тоа како се развива овој оперативен систем, или дали е успешен или не, G.ho.st е добар индикатор дека соработката низ линиите на конфликтот е можна кога луѓето  го примаат светот без ѕидови.