- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Арапскиот свет до Гингрич: „Ако Палестинците се измислени, тогаш Американците се…“

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Палестина, САД, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Избори, Историја, Меѓународни односи

Палестинците се „измислен“ народ кој сака да го уништи Израел, вели републиканскиот кандидат за претседател на Соединетите Држави, Њут Гингрич [1]. Неговите коментари [2], во интервјуто на една еврејска телевизија, предизвикаа бес и потсмевање кај интернет-корисниците од арапскиот свет.

На Твитер, Саудиецот Мохсен Ал Мохсен реагира:

@MolMoHsen [3]: Њут Гингрич: Палестинците се „измислен“ народ [а белите Американци сигурно се староседелците на САД]

Египќанката Зеинобиа има слично мислење за кое пишува [4] на својот блог, Египетски хроники:

Според стандардите на Гингрич и неговата дефиниција за „измислен народ“ и Американците спаѓаат тука, на крајот на краиштата, тие се група имигранти кои дошле од целиот свет да живеат во земја во која веќе 200 години живееле и ја поседувале домородните Индијанци!!

Еван Хил, он-лајн продуцентот на Al Jazeera English, со седиште во Доха, Катар, вели:

@evanchill [5]: Се прашувам дали Гингрич би се сложил дека и Ирачаните, Јорданците, Сиријците и Либанците исто така се „измислени“ народи

Ентони Пермал, кој живее во Дубаи, ОАЕ, одговара:

@anthonypermal [6]: Драг Гингрич, велиш дека #Палестинците се измислени луѓе. Па ни Израел не постоел пред 1948 година. #justsaying

Во меѓувреме, Марк Линч , кој е во посета на Кувајт, споделува прашање од локалните весници кое најверојатно ќе биде поставено во ходниците на моќта низ арапскиот свет:

@abuaardvark [7]: Прво прашање од кувајтските весници: Како можеме  да веруваме на САД кога Гингрич го негира палестинскиот идентитет?

А пак, Палестинецот Селин се шегува:

@Selintellect [8]: Дали Њут Гингрич навистина постои? Мислам, според него, Палестинците се измислени. Неговото име звучи како изум од Хари Потер..

Насер Али Касавнех, кој живее во Дубаи, ОАЕ, однапред предвиде:

@Nasserak [9]: Ако Њут Гингрич е најдоброто нешто што републиканците можат да го понудат, тогаш Обама убедливо ќе победи на изборите дури и без кампања!

На 6-ти ноември 2012 година, по 57-ми пат, ќе бидат одржани изборитe за претседател на САД кои се одржуваат на секои 4 години.