Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Панама: Нов закон утврдува Министерство за култура

На 24 Април 2012, Панамското национално собрание го одобри „Законот за култура“, кој помеѓу другите работи го издигна и Националниот институт за култура како дел од Министерството за култура. Најголемиот поборник за законот, пратеникот Хозе Бландон (@BlandonJose) вчера објави на Твитер:

En pocos minutos se aprobará en Tercer Debate el Proyecto de Ley General de Cultura. Sólo faltará la sanción del Ejecutivo.

За неколку минути Третата дебата за Проектот на Генералниот Закон за култура ќе биде одобрена. Единствено недостасува одобрението од извршната власт.

Во Панама, за еден закон да стапи на сила, најпрво треба да биде одобрен од Собранието на пратеници, а потоа треба да биде санкциониран од Извршната власт (претседателот и неговите министри).

Panamaon ги потсетува читателите за намерите на пратеникот Бландон, кога го презентирал законот:

“Queremos que sea un proceso ampliamente participativo en donde haya la mayor consulta posible, por eso vamos a citar y a invitar a participar a todos aquellos que tengan interés en que Panamá tenga una moderna ley de cultura que permita explotar todo el potencial que la cultura puede tener para el país”,

„Ние сакаме тоа во голема мера да биде процес на учество во кој ќе има што е можно повеќе консултации и токму поради оваа причина ќе ги поканиме сите кои се заинтересирани за тоа Панама да има модерен Закон за култура кој ќе ни овозможи да го истражиме потенцијалот кој културата го има за една држава“,

Традиционална облека, “pollera” panameña”. Фотографија од корисникот на Фликр whl.travel (CC BY-NC-SA 2.0)

Реакциите на Твитер беа исполнети со благодарност и поддршка за новиот закон. Иако некои луѓе како Никол Рубатино (@nickolin26), потсетуваат дека овој закон, иако е одобрен, може да ја доживее истата судбина како и  308-от Закон кој беше наменет за заштита на домашните животни.

Despues de todo, la Ley de Cultura q incluye?? Seguro la aprobaron porq no hay conflicto d intereses como #Ley308

Што всушност вклучува Законот за култура?? Сигурен сум дека го одобрија бидејќи немаше никаков конфликт на интереси како #Ley308

Заида Амели(@zaida_amelie) го прослави одобрувањето на законот бидејќи „редно време беше“:

Tenemos ley de cultura!!! Wow!!! Me encanto ya era hora de darle valor a este sector super importante de mi Panama!!!

Имаме закон за култура!!! Вау!!! Го сакам, редно време беше да му дадеме значење на овој супер значаен сектор на мојата Панама!!!

Анет Каиседо (@annettec14) му честиташе на сегашниот директор на Националниот Институт за култура и истакна дека одобрувањето на законот покашжува дека има добри луѓе во владата.

No sabia que ya se habia aprobado la ley de la cultura! Felicidades Maruja Herrera eso demuestra que tambb hay gente buena en el gob.

Не знаев дека Законот за култура е веќе одобрен! Честито Марија Херера, ова покажува дека има и добри луѓе во владата.

И иако законот сега го чека одобрението од претседателот, Панамците слават бидејќи законодавците полека почнуваат да чекорат кон поголема културна заштита во Панама.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.