- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кенија: Четворица млади Африканци им се спротивставуваат на стереотипите од Холивуд

Категории: Супсахарска Африка, Кенија, Граѓански медиуми, Идеи, Медиуми и новинарство, Младина, Образование, Развој, Уметност и култура, Филм, Хумор

Откако гледале видео на Јутјуб од MamaHope (непрофитна африканска организација) во кое деветгодишно дете го раскажува филмот Командос [1], четворица млади Африканци и пристапиле на оваа организација со цел да направат видео, во кое тие ги раскажуваат [2] холивудските филмови: поточно, тие зборуваат за стереотипите кои Холивуд ги користи при портретирањето на Африканците.

Африканци. Холивудски стереотипи [2] е напишано од студентите по медицина Габриел, Бенард и Дерик, студентот по менаџирање човечки ресурси Брајан и MamaHope.

Тие велат, „Ако луѓето веруваа само во она што го гледаат на филмовите, за нас ќе мислеа дека сме насилници и дека го сакаме насилството.“  На нив, исто како и на Mama Hope, им е преку глава од прекумерно сензационалистички, еднодимензионални претстави на Африканците и белите спасители кои се шират низ медиумите. Наместо тоа тие сакаа да ги раскажат своите приказни, затоа им го дадовме микрофонот и тие го направија ова видео.