Откако гледале видео на Јутјуб од MamaHope (непрофитна африканска организација) во кое деветгодишно дете го раскажува филмот Командос, четворица млади Африканци и пристапиле на оваа организација со цел да направат видео, во кое тие ги раскажуваат холивудските филмови: поточно, тие зборуваат за стереотипите кои Холивуд ги користи при портретирањето на Африканците.
Африканци. Холивудски стереотипи е напишано од студентите по медицина Габриел, Бенард и Дерик, студентот по менаџирање човечки ресурси Брајан и MamaHope.
Тие велат, „Ако луѓето веруваа само во она што го гледаат на филмовите, за нас ќе мислеа дека сме насилници и дека го сакаме насилството.“ На нив, исто како и на Mama Hope, им е преку глава од прекумерно сензационалистички, еднодимензионални претстави на Африканците и белите спасители кои се шират низ медиумите. Наместо тоа тие сакаа да ги раскажат своите приказни, затоа им го дадовме микрофонот и тие го направија ова видео.