Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кина: Лажирање на церемонијата за отворање на Олимпијадата, на која основа?

Лого на олимписките игри Лажна, хармонизирана, разубавена, баш кога сите се окупирани со Олимписките игри, се појавува веста дека два од најистакнатите делови од церемонијата за отворање не биле навистина како што изгледале: продукцијата за телевизиска верзија од огнометот кој се простираше од плоштадот Тиананмен до Птичјото гнездо, започнала пред една година и деветгодишната Лин Миаоке, за многумина фацата на настанот, всушност само ги движела усните на гласот од седумгодишната Јанг Пеији, оттргната од настанот бидејќи нејзиниот изглед не бил доволно совршен. Имаше и хумор за ова; луѓето прашуваа: „тие потрошија толку многу пари на ова и не можевме да добиеме вистинско случување?“

За лажниот огномет, аргументот дека немало многу голема разлика помеѓу она што се гледало од земја и она што било прикажано на телевизија го направи помалку контроверзен, тоа и фактот дека повеќето блогери се навикнати на дигитални дотерувања на официјалните настани.

Според раните разговори на Твитер, се чувствува срам од оплескувањето на властите, не еднаш него двапати и се поставуваат прашања за кое ќе биде следното откритие за лажирање на церемонијата.

Дваесет и нешто годишниот веб уредник на Соху и iPod фан, Флупиг, напиша неколку пати за ова на Твитер, со цел да се прошири веста низ блогерите:

У п**** матер, „Ода за татковината“ веќе го надмина отворањето на уста; ставање пејач само да стои не е е**** различно од имањето лажно лице за тестирање, а ова е многу погрешна насока за младината од Кина. Жанг Јимој, подобро да се појавиш и да се извиниш!
Низ неговата акција, Занг Јимоу, ефективно им кажа на сите млади и деца на Кина дека за „хармонија“, за „Ода за татковината“, децата може да се искористат за имама!
Занг Јимоу, исто така пренесува порака дека доколку некој не изгледа добро, без разлика колку добар пејач е, не може да му се дозволи да настапува. Е** се. Како режисер, немаш ли претстава колку е важна церемонијата за отворање на игрите? Дали знаеш дека си играш со умовите на цела генерација од луѓе?

Вестите за отворањето на уста, онаму каде што беа објавени (на неколку места) беа брзо избришани, но дискусиите продолжија на друго место; на Твитер, кинескиот член на Википедија @shizhao постираше како одговор на @buchimifan („Чен Киганг открива, главната причина поради која Јанг Пеији не била земена во предвид е поради сликата која ќе се прикаже на остатокот од светот и националниот интерес“) и @kcome („Е** ја сликата која ќе се прикаже на остатокот од светот и е** го националниот интерес! Деградирање на децата на овој начин и нашето лицемерство ќе се пренесуваат од генерација на генерација!“):

Па, доколку тоа е случајот, кога кралот на боксувањето Мухамед Али се клатеше при палењето на факелот на Олимписките игри во Атланта, немаше ли тоа да биде вистински срам за Американците?

Блогерот/бизнисмен Исак Мао има колекција од неколку други постови, од кои во еден Сина блогерот „Добра книга во летна вечер“ прашува:

И двете деца се извонредни, но мислам дека и двете ќе бидат повредени поради ова. Да, целата оваа работа е направена премногу… дури и едно од нив да немало перфектен глас или не било заслепувачки убаво, ние ќе ги прифатевме… Но сега, без разлика што не можеме да го прифатиме ова, дали мислите дека овие деца ќе можат да го издржат?
Возрасни ја направија одлуката, но тие мора да се справуваат со последиците, кои се неправедни кон тие две девојчиња…
За секој што сака да го одбрани овој инцидент, ве молам само размислете: што ако Јанг Пеији беше ваше дете? Што ако Лин Миаоке беше ваше дете?
Понекогаш, принципите се поважни од националниот интерес; барем ќе беа поважни ако тоа беа мои деца.

На крајот од неговиот пост, Исак прашува:

Значи, има ли нешто што е вистинско? Златните медали?

Вечно блокираниот Блогспот блогер Ник Вонг пишува:

Денес се појавија вести дека малото девојче, која ја пееше „Ода за татковината“ и трогна многу луѓе до солзи, само отворала уста, а другата вест којашто се појави е дека огнометот, за кој сите толку многу зборуваа, бил всушност претходно снимен и не бил пренесуван во живо. Тоа е навистина скандалозно. Мислам дека ниеден од овие настани не заслужуваше возбудување (всушност мислам дека беа одвратни), па затоа не бев изненаден кога ги слушнав вестите. Кинезите, по природа, сакаат убави лица, тие се амбициозни за големи успеси уште од антички времиња, насочувајќи се кон итрина, а ова не е ништо ново, но самото тоа што невини девојчиња се одгледувани на овој начин прави мачнини во стомакот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.