Видео: Инфантицид и селективен абортус во Индија и Кина

Меѓу Индија и Кина, 200 милиони девојчиња „исчезнуваат“ затоа што родителите ги абортираат женските фетуси и ги убиваат или напуштаат женските бебиња. Неколку документарци и извештаи го опишуваат овој феномен, обидувајќи се да ги објаснат причините за оваа смртоносна полова дискриминација и да најдат решение.

Screenshot from the Trailer of It's a Girl

Фото од трејлерот за Женско е

Со слоганот на „Трите најсмртоносни зборови во светот“, “It's a girl” (Женско е) е документарец кој, преку интервјуа и снимање на самото место, се обидува да пронајде одговор на тоа зошто 200 милиони девојки од Индија и Кина „исчезнуваат“ и зошто нема ефективна акција за овој проблем.

Born to Die (Родена да умре) е уште еден филм кој го истражува подемот на женскиот фетицид (убивање на женските фетуси) и чедоморство во модерна Индија.

Poh Si Teng за Global Post сними видео за врската меѓу ултразвукот, определувањето на полот и женскиот фетицид и дали забраната на преносливиот ултразвукот со закон ќе го запре селективниот абортус во Индија:

Истражувачкиот документарец на ББС од 2007 год. за индиските исчезнати девојчиња и луѓето кои се обидуваат да го променат овој културен феномент кој влијае врз сите индиски социо-економски нивоа: култот за момчињата и верувањето дека девојчињата воопшто не вредат да бидат израснати. Документарецот, поделен на 3 дела, може да се најде на интернет (1, 2, 3).

Една од организациите кои се обидуваат да направат промена е Домот Арти од Кадапа, кој вдомува напуштени деца, од кои повеќето се девојчиња напуштени токму затоа што се девојчиња. Оваа организација исто така ги охрабрува бремените жени кои очекуваат женски деца да не ги напуштаат и да ги сакаат.

Домот Арти се надева дека ќе биде дом на девојчиња кои веќе биле отфрлени затоа што се женски и ќе им обезбеди безбедно прибежиште. На почетокот од следново видео, млада девојка зборува за неповолностите и тешкотиите низ кои поминала само затоа што е женско:

Светски реномираната кинеско-американска романсиерка Анчи Мин, чии женски ликови се силни и храбри, во следното видео признава дека не сакала да има ќерка и за време на незината бременост потајно се надевала дека ќе роди момче и покрај ултразвукот и тестовите затоа што „Кој сака да биде женско во Кина?“

Тајванските Next Media Animation, со видеото и песната No Girls Born (In China Anymore),  ги истражува последиците од половата нерамнотежа во Кина настаната со политиката „едно дете“ и Кина како општество кое повеќе ги цени машките отколку женските.

Не се раѓаат веќе девојчиња во Кина
Се чувствувам зафрлено, никој покрај мене да ме стопли
Конфучијанската култура ги отфрла ќерките за синови
Па затоа не се раѓаат веќе девојки во Кина а јас сум осуден да бидам сам

Моите родители ме одбраа мене во утробата да го носам семејното име
Но ако не најдам жена  ќе носам само срам
Мора да си висок, образован, да имаш своја куќа
Едно да фали и нема да најдеш жена.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.