- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Политички затвореници на штрајк со глад

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Политика, Протест, Слобода на говор, Човекови права
Relatives of the hunger striking prisoners protest in front of Evin Prison in Tehran [1]

Роднините на затворениците кои штрајкуваат со глад протестираат пред затворот Евин во Техеран

На крај од месец јули седумнаесет политички затвореници отпочнаа штрајк со глад [2] како протест против влошените услови во озлогласениот затвор Евин во Техеран. Тука можете да ја најдете [3] целосната листа на штрајкувачи со глад. Откако изби протестот против резултатите од претседателските избори на 12 јуни 2009 година [4] Иран уапси стотици новинари, активисти за човекови права и политичари.

Мир Хусеин Мусави [5] и Меди Каруби [6], двата водечки опозициски лидери ги повикааa [7] затворениците да го прекинат штрајкот со глад. Иранските блогери известуваат дека Бабак Бордбар, притворениот фото-репортер кој исто така беше дел од штрајкот со глад денес е ослободен [8].

Неколку организации за човековите права ја изразија својата загриженост околу здравствената состојба на штрајкувачите со глад, особено на притворените новинари Баман Амади-Амуеи и Кејвон Самими и студентскиот активист Маџид Таваколи [9]. Овие три личности на 4 август започнаа „сув“ штрајк со глад.

Sight пишува [10] [фарси] за индиферентноста на светот кон затворениците во Иран кои штрајкуваат со глад. Блогерот пишува:

Што се случи? Зарем ослабна гласот на политичките затворениците или пак светот е заспан?… Баман Амади-Амуеи и Кејвон Самими се мои земјаци и нивните коски се кршат во скривниците на Velyateh Faghie [ирански режим]

23 Khordad, група која тврди дека се појавила по претседателските избори за да го поддржи Зеленото движење вели [11] [фарси] дека:

Загрижени сме за здравјето на политичките затвореници кои штрајкуваат со глад и ја почитуваме нивната волја да продолжат со штрајкот или да го прекинат. Но, се противиме на повиците на реформистичката група Jebheye Moshrekat која бара од луѓето да се подложат на политички пост како поддршка за затворениците. Да за штрајкот со глад, не за политичкиот пост. Зошто оваа реформистичка група сака да даде политичка позадина на нивниот штрајк со глад.

Arash Ashouri, водечки фото-блогер од Иран, на неговиот блог, Kosoof, пишува за еден од штрајкувачите со глад [12]:

Баман Амади-Амуеи, познат економски новинар кој пишува за повеќе реформистички весници сега е на штрајк со глад во озлогласениот затвор Евин во Техеран. Баман, заедно со сопругата Џила Банјагуб која е новинар и активист за правата на жените, беа уапсени по спорните претседателски избори во 2009 год. Тој неколку недели беше држен во самица во оддел 209 од затворот Евин без да има никакви официјални обвиненија. Подоцна беше осуден на затворска казна од 7 години и 4 месеци и 34 удари со камшик во револуционерниот суд.
Баман Амади Амуеи, заедно со уште 16 други политички затвореници штрајкува со глад во затворот Евин, со тоа бунтувајќи се против ужасните услови во одделот 350 на затворот Евин и грубото однесување на затворските стражари. Властите забрануваат семејството да го посети или да има било каков контакт со него и според внатрешни извори од затворот, неговото физичко здравје е во критична состојба.