Борнео: Обединување на блогерите преку Borneo Colours
Borneo Colours е веб страница која ги поврзува блогерите од Брунеј, Сабах, Саравак, Лабуан (Малезија) и Калимантан (Индонезија) кои се лоцирани на островот Борнео. Оваа страница е платформа за блогерите од овој регион да се поврзат меѓусебно и да шират поголемо разбирање за нивните соседи.
До денес, Borneo Colours или BC брои над 1 000 членови со речиси 200 регистрирани блогери, а оваа бројка секојдневно расте. Daniel Doughty, извршниот директор и основач на оваа страница, со нас ја споделува историјата на веб страницата.
Идејата ја добил некаде околу почетокот на 2002 год. Целта му била да ги охрабри Борнејците да ја покажат својата отвореност кон светот, а истовремено и да им го олесни почетокот во тоа. Подоцна, основачот се соочил со огромен финансиски предизвик при одржување на проектот насловен „Борнео“. Најпосле во 2007 година, ВС полека почнал да функционира, но за жал идејата веднаш била повлечена бидејќи основачот добил понуда да ѝ помогне на една меѓународна НВО околу отпочнување на еден проект за заштита на морскиот свет. На почетокот на 2009 год. основачот решил повторно да ја заживее оваа идеја. Околу jули 2009 год., опремен со нови средства и поддршка, тимот BorneoColours.com почнал со работа промовирајќи ја нивната идеја пред заедницата на островот Борнео и туристичките тела во Сабах, Саравак, Лабуан, Брунеј и Калимантан. ВС своето мало (делумно) лансирање го имаше на 25 септември 2009 год, но целосно почна да функционира дури во јануари следната година.
Кои се вашите аспирации околу Borneo Colours?
Сакаме тој да стане новиот официјален медиум, портал наменет на заедницата кој ќе биде поддржан и признаен од владите на островот Борнео, но пред сè од самите жители и од меѓународната онлајн заедница. Исто така, наша цел е borneocolours.com да го претвориме во еден независен и транспарентен механизам за собирање на средства кои ќе бидат наменети за локалните добротворни организации, за развој на заедницата и активности за покревање на еколошката свест на островот.
Што може да се добие со читање на/станување член на Borneo Colours?
Содржината главно се доставува и дели помеѓу регистрираните членови, познати и како bcbuddy. Заедницата ја споделува содржината преку промовирање на настани, случувања, или покажување на нивните таленти и интересни статии кои може да бидат од интерес на некои други луѓе. Исто така, постои и именик со бизнис адреси во Борнео како и листа на блогери. Една посебна карактеристика за која во Borneo Colours сме посебно горди е интегрирање на нашата содржина со алатка на една социјална мрежа слична на Фејсбук.
Во Borneo Colours моментално се одвива натпревар на блогирање? Што сакате да постигнете со ваквиот натпревар?
Наградата Блогери на Борнео 2010 има за цел на истакнатите и идните блогери од островот Борнео да им понуди една платформа и мрежа преку која ќе можат да ги разберат, прифатат и ценат меѓусебните разлики, но пред сè да се создаде чувство за Борнео без граници. Исто така, се надеваме дека оваа програма ќе им помогне на блогерите од Борнео да развијат натпреварувачки дух и да ја подобрат содржината, стилот и оригиналноста на нивните блогови. Најпосле, кој друг може подобро да го промовира Борнео како привлечна туристичка дестинација ако не самите блогери?
Идни планови?
BorneoColours.com ќе организира дијалог насловен B2.0 (за Borneo2.0), или „Блогерите од Борнео + дијалог околу новите медиуми“. Овој дијалог е закажан да се одржи во Борнео 1, Кота Кинабалу, Сабах во средината на октомври 2010. B2.0 ќе спои различни блогерски заедници, креативни локални и меѓународни нови медиуми што ќе им пружи нови можности за учење, запознавање и надградување.
Многу блогери од островот Борнео го поддржуваат BC:
A Woman Diary пишува „Ова опфаќа практично сè што би сакале да знаете за Борнео. И тоа направено од самите Борнејци. Го обожавам“
Rungitom, еден BC buddy вака го претставува Borneo Colours.
Дали сте BC Buddy? Ако не сте, зошто не го ѕирнете BorneoColours. Тоа е веб страница каде што можете да најдете повеќе информации околу Борнео и каде имате и можност за користење на една социјална мрежа наречена BC Buddy. BC Buddy е место каде онлајн заедницата може да се дружи исто како и на останатите социјални мрежи.
Choco8Vanilla вели дека
Borneo Colours е веб страница чија цел е да ги обедини луѓето кои сакаат да дознаат нешто повеќе за Борнео или каде што самите жители на Борнео можат да се соберат и да научат нешто повеќе за нивниот сакан остров. Таму можат да ги дознаат најактуелните информации или едноставно да запознаат нови луѓе (Зар не е тоа одлична идеја? XD).Ова е нова страница, но бројот на нејзини посетители секојдневно расте. Зар не сакате и вие да бидете дел од оваа прекрасна заедница? Малку наликува….речиси е иста….или многу слична на… facebook или friendster или tagged (можеби?). Покрај веб страницата, имам уште нешто (треба ли тука да кажам WOW! за тоа колку е добра страницата) што сигурно ќе ве натера сите борнејски блогери да кликнете на копчето ‘Зачлени се’… што е тоа?
Pearls Stud Earrings на нејзиниот блог наведува,
веќе поминаа 5 месеци откако прв пат се регистрирав како Borneo Colours Buddy. И што добив како член???? повеќе ПРИЈАТЕЛИ!! ^-^/ и можам повеќе да го промовирам својот блог.
Geek in White, единствениот Брунеец кој се квалификува во последниот круг на гласање на натпреварот за блогирање
се надевам дека ќе ја освојам титулата за Брунеј и ќе помогнам брунејските блогери да станат повидливи. Ако навистина победам (амин!), ветувам дека мојата награда ќе ја споделам со некое од локалните добротворни здруженија.
Категории

Започни ја конверзацијата
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!