- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јужна Осетија: Дали Косово претставува преседан?

Категории: Популарен напис, Прв напис!, Еден месец, Два написа, Три месеци, Шест месеци, Една година, Две години, Источна и Централна Европа, Централна Азија и Кавказ, Грузија, Косово, Русија, Србија, Владеење, Војни и конфликти, Етничка припадност и раса, Историја, Меѓународни односи, Најважни вести, Политика

Кога Косово еднострано прогласи независност [1] на 17 февруари 2008 година, владите ширум светот беа поделени по прашањето за легитимноста на ваков акт. До сега 45 од 192 суверени земји членки на Обединетите Нации формално ја признаа Република Косово [2]. Вреди да се спомене дека повеќето земји членки на Европската Унија формално го признаа Косово (20 од 27). Меѓутоа, други земји членки како Шпанија, Словачка, Романија, Грција и Кипар не ја признаа независноста на Косово плашејќи се од реакцијата на сепаратистите во своите земји. Тие мислеа дека Косово ќе претставува преседан. Тогашниот претседател на Русија, Владимир Путин, очигледно не мислеше така.

Според кинескиот дневен весник Жингхуа [3] на 23 февруари 2008 година:

Во петокот рускиот претседател Владимир Путин рече дека признавањето на едностраната независност на Косово од страна на неколку светски сили претставува „ужасен преседан.“

На 18 февруари, веб страната на Ројтерс [4] објави напис по повод едностраното прогласување независност на Косово. Во написот, насловен „Чеченските бунтовници во Русија ја поздравуваат независноста на Косово“ пишуваше:

Русија силно се спротивставува на независноста на Косово, тврдејќи дека признавањето на сепаратистички регион како нова држава без согласноста на земјата која е засегната претставува опасен преседан за многу други територијални конфликти ширум светот.
Блогерите исто така реагираа и ги анализираа можните последици од признавањето на независноста на Косово. Следува репрезентативен избор на постови од тоа време.

Стенли Кросик на 22 февруари 2008 година напиша [5] во својот блог:

Признавањето на независноста на Косово е несреќно решение, но моментално нема подобро решение.
[…] Косово се оддели од Србија без нејзино одобрување; ОН не ја поддржа независноста поради силен протест од страна на Србија и Русија, поддржани од Кина. Меѓутоа, прашањето требаше да биде изнесено пред Советот за Безбедност на ОН, бидејќи резолуција поддржана од мнозинството ќе ја зголемеше легитимноста, ако не легалноста на независноста, и покрај ветото (ветата). Министрите за надворешни работи на ЕУ јасно нагласија дека Косово е посебен случај што не треба да стане преседан, но сепаратистите во Шпанија и Кипар може и да не ги послушаат.

Ирина Филатова, професор по економија во Москва и постар истражувач при Универзитетот КваЗулу-Натал во Јужна Африка, коментираше [6] на блогот на Гардијан, Коментарот е бесплатен, на 23 февруари 2008 година:

Многумина мислат дека Русија ќе ја искористи оваа ситуација да ги признае отцепените региони од Грузија [7], Абхазија [8] и Јужна Осетија [9], па дури и Трансднистриа [10], отцепен дел од Молдавија [11].

[…]Американците велат дека Косово не е преседан, дека е еднократен исклучок. Тешко е да се поверува во ова. Ако една нација сака да се оддели и да создаде своја државност, ниту една влада не може да направи ништо, освен да ги спречи со сила. […] Независноста на Косово е полезна за САД за да му покажат на светот дека не се против Муслиманите, туку против држави во кои владее беззаконие, од кои некои се муслимански […] Меѓутоа тие не би ги поддржале Баските [12] или Валонците [13], или Курдите [14], а најмалку Трансднестријците.

Тие не би ги поддржале ниту Абхазијците и Јужно Осетијците, се разбира. Но од друга страна, ако Русија реши да ги признае овие отцепени републики, и ако Грузија реши да се спротивстави на тоа (што и би било случај), тогаш Американците би ја поддржале Грузија [15], се разбира, а Русија може да се соочи со конфликт со Западот.

Независноста на Косово нема да ја крене во воздух Европа, но веќе крена во воздух многу од претпоставките на кои се базира нашиот модерен систем на меѓународни односи […]

Шон Вокер напиша [16] во британскиот Проспект Магазин во април 2008:

[…] Кога ја посетив Абхазија минатиот месец ги слушнав истите аргументи за независност како и на претходните посети. Но овојпат имаше уште една работа на која се жалеа – Косово.
Абхазијците секогаш се чувствувале како западот неправедно да ги третира и сега, по признавањето на независноста на Косово од страна на неколку западни земји, се чувствуваат како двојно да се обесправени. Зошто Косоварите заслужуваат повеќе слобода од Абхазијците? […]

Сега се чини како претпоставките на многу блогери да станаа реалност. На изненадување на сите, истиот ден кога почнаа Олимписките игри во Пекинг [17], руските воени сили и сепаратистите од Јужна Осетија ја презедоа контролата врз регионот од Грузија.

Јелена Милиќ, како и многу други блогери, беше шокирана од вестите. Таа пишуваше [18] (српски) за тоа на нејзиниот блог на српскиот портал за вести Б92:

Šta je ovo? Zar nisu nekad ratovi prestajali kad su igre počinjale?

Што е ова? Зарем некогаш војните [19] не престануваа кога Олимписките игри [20] почнуваа?

Иван Маровиќ, кој исто блогира на Б92, напиша пост [21] (српски) насловен „Војната во Грузија“ во кој вели:

Postavlja se pitanje zašto baš sad, nakon petnaestak godina primirja?
S jedne strane, separatisti i Abhaziji i Južnoj Osetiji su osetili da nakon priznanja jednostrano proglađene nezavisnosti Kosova od strane vodećih država Zapada, oni mogu učiniti nešto slično i očekivati podršku Rusije. […] Rukovodstvo Južne Osetije je, poučeno događajima na Balkanu, skapiralo da sve može, ako imaš moćnu državu iza sebe, a u njihovom slučaju to je Rusija.
S druge strane, gruzijski predsednik Miša Šakašvili kapira da je situacija sad ili nikad. On takođe misli da ima moćnu državu iza sebe, Ameriku, ali da će, što vreme duže bude odmicalo, sve teže biti izvesti vojnu akciju protiv separatista. Već sad se oseća smanjenje uticaja Amerike i povećanje uticaja Rusije na Kavkazu. […]
Međutim, već posle nekoliko sati postalo je očigledno da je Rusija reagovala brzo i odlučno, dok se Amerika još uvek drži retoričkih reakcija. Izgleda da će SAD da pomogne Gruziji onoliko koliko je Rusija pomogla Srbiji 1999, odnosno da je gruzijska vojna akcija u Južnoj Osetiji propala, nema ništa od brzog zauzimanja Južne Osetije. Sad je samo pitanje šta će se desiti, da li će rezultat biti prekid vatre uz pojačano pristustvo ruskih trupa ili otvoreni rat koji može poprilično da potraje.

Прашањето е: зошто сега, после 15 години примирје?
Од една страна, сепаратистите од Абхазија и Јужна Осетија почувствуваа дека, откако еднострано прогласената независност на Косово ја признаа водечките западни земји, и тие можат да направат нешто слично и да очекуваат поддршка од Русија […] Водејќи се по примерот на Косово, лидерите на Јужна Осетија сфатија дека ако добијат поддршка од силна земја, во овој случај Русија, ќе ги остварат своите цели.
Од друга страна, претседателот на Грузија, Михаил Сакашвили, сфати дека ова е решителен момент за неговата земја. И тој мисли дека има поддршка од моќна земја како САД, и како што поминува времето ќе биде се потешко да се изведе воена акција против сепаратистите […]
Меѓутоа, веќе после неколку часа беше јасно дека Русија реагираше брзо и сериозно, додека САД сѐ уште се држат до дипломатија. Се чини дека САД ќе ја поддржат Грузија како што Русија ја поддржа Србија во 1999 година. Ова значи дека воената операција на Грузија во Јужна Осетија пропадна. Нема ништо од брзото заземање на Јужна Осетија. Сега единственото прашање е дали резултатот ќе биде прекин на огнот со тоа што руските сили ќе останат во Јужна Осетија или војната ќе продолжи.

Блогерот на Ројтерс Жил Елгуд напиша пост насловен „Дали судбината на Јужна Осетија беше запечатена во Косово?“ во кој се прашува [22]:

Дали Косово е одговорно за борбите во Јужна Осетија [23]?
Кога српската покраина се отцепи од Белград во февруари, Јужна Осетија [24] набрзо го повтори своето право на меѓународно признавање [25]. Како што портпаролот на лидерот на сепаратистите, Едуард Кокоити, рече во тоа време: “Преседанот со Косово не поттикна поактивно да ги бараме своите права.“
Во Тбилиси сигурно ги слушнале овие коментари и тоа сигурно додало ургентност на желбата на Грузија да завладее со отцепениот регион Јужна Осетија. Со широка поддршка од Западот, Косово успеа да издејствува чисто одделување од својот поранешен владетел, и покрај противењето на Русија. Сега Москва ги поддржува сепаратистите [26] и не е јасно како ова ќе заврши [27].

Остин Беј не се согласува, и тврди [28] дека не може да се споредуваат двете прашања – Косово и Јужна Осетија.

[…] По едностраното прогласување на независноста на Косово, сепаратизмот којшто е резултат на меѓународна акција за заштита на етничко малцинство се одобрува.
Ова е една интерпретација на рускиот аргумент дека на Косово не требаше да му се дозволи еднострано да се отцепи од Србија, како што се случи во почетокот на годинава.
Руската инвазија на грузискиот сепаратистички регион Јужна Осетија е возобновена војна во соседството. Исто така е и насилен потсетник за тоа колку Источна Европа останува несигурна во периодот по Студената Војна.
За целите на надворешната политика на Москва, проблемите во Грузија се поклопуваат со „косовскиот случај“ – малцинска група нападната од страна на „етничка националистичка власт“ која се обидува да преземе контрола. […]

[…]Ова го посочувам не затоа што мислам дека Грузија е Србија под Слободан Милошевиќ. Сигурно не е. Грузија е демократска држава која „е на пат кон Запад“ политички и економски. Постојат големи квалитативни разлики помеѓу Грузија денес и Србија од 1999 година.
Меѓутоа, руските дипломати последниве 8 години предупредуваа дека „косовскиот преседан“ ќе има влијание врз 200 региони и територии во земји ширум светот. Тоа е заокружена бројка и најверојатно премногу ниска.
Москва инсистираше дека Косово ќе претставува „сепаратистички преседан“ за одделување на државички од суверени нации. Интересно е, меѓутоа, дека и Романија и Грција се спротивставуваат на „едностраната“ независност на Косово. Шпанија, со своите баскиски сепаратисти, не беше ентузијаст.[…]