Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Полска: Состојбата со навиката за читање

Пред неколку недели беше започната нова социјална кампања под името Читање во Полска од страна на еден од најголемите дневни полски весници, Газета Виборжа, поради фактот што стапките на читање во Полска се многу ниски: извештај издаден од Полската национална библиотека открива дека 56 проценти од жителите на Полска воопшто не читаат книги, а се исто така и неспособни да прочитаат текст подолг од 3 страни. Голема дебата беше започната за навиката за читање во Полска и за причините за кризата со кои таа се соочува.

Јавни личности низ целата држава сериозно се вклучија во проектот, охрабрувајќи го општеството да почне да чита. Серија на написи [полски] беа објавени за недостатокот на пасија за читање и за чекорите кои би можеле да се преземат за да се промени ситуацијата. Во еден од нив [полски], полскиот автор и есеист, Јануш Рудницки, кој ја става вината на листата за задолжително читање предвидено за учениците од основно и средно училиште, која е креирана од Министерството за образование. Тој пишува:

W szkole straszy. Jeśli porównać ją do opery, to jej upiorem są lektury. Ich liczba jest makabryczna. A co najmniej połowa, licząc już od szkoły podstawowej, absolutnie zbędna. Czytanie ich wszystkich to droga przez mękę. Niech sczezną. A razem z nimi odpowiedzialne za ten jeżący włosy na głowie repertuar MEN. I nauczyciele.

Училиштата се полни со духови. Ако споредите училиште со опера, фантомот сигурно ќе биде „листата на задолжителни книги за читање“. Бројот на книги на листата е навистина застрашувачки. Најмалку половина од нив, без да ги земете во предвид книгите за основно образование, се непотребни. Читањето на тие книги е тортура. Тие треба да се изгорат. А, со нив треба да го запалиме и нашето Министерство за образование и сите професори кои се задолжени за креирање на оваа листа.

Резултатите од истражувањето се особено алармантни кога ќе се споредат со слични истражувања направени за навиките за читање во други европски земји. На пример, извештаи базирани на истражување направено во Чешката Република и Франција, открива дека 83 проценти од Чесите и 69 проценти од граѓаните на Франција имаат прочитано барем една книга минатата година, додека во Полска бројките се далеку пониски: само 44 проценти од Полјаците имале било каков контакт со книги (вклучувајќи книги за готвење, албуми и речници!). Најшокантните бројки покажуваат дека 20 проценти од Полјаците со високо образование (меѓу нив и предавачи и професори) немаат прочитано ниту една книга во последните неколку години.

Полски блогери, исто така, се придружија на дискусијата. Еден од нив, познат како Metzliszcze, ги коментира резултатите претставени во извештајот:

Zacznijmy od tego, że w moim domu lektury zawsze były obecne, a moi rodzice nie potrzebowali akcji społecznych żeby wiedzieć, że dzieciom należy czytać książki. Z tego też powodu niewyobrażalne jest dla mnie, jak można w ciągu 365 dni nie znaleźć chwili czasu na to, żeby sięgnąć po przynajmniej jedną książkę. A tutaj proszę, 56% spośród badanych taki wysiłek już zdecydowanie przerósł.

Ајде да започнеме со забелешката дека кај мене дома книгите секогаш беа присутни и на моите родители не им беше потребна никаква социјална кампања за да научат дека на децата треба да им се чита. Затоа ми е тешко да поверувам дека за некои е невозможно да пронајдат еден единствен момент во 365 дена за да дојдат до барем една книга. Но: 56 проценти од општеството смета дека овој „напор“ е преголем.

Тој исто така пишува:

Czy pozostaje coś jeszcze do dodania? Może konstatacja, że od 1992 roku (czyli momentu od kiedy zaczęto systematycznie to obserwować) poziom czytelnictwa sukcesywnie u nas spada, a lada moment staniemy się narodem wtórnych analfabetów.

Дали има уште нешто да се додаде? Можеби некој треба да каже дека од 1992 (годината кога започнало да се истражува ова поле) бројот на Полјаци кои читале систематски се намалувал, така што наскоро ќе се претвориме во повторно родени неписмени луѓе.

Вариа, чиј блог содржи главно рецензии на книги кои што ги има прочитано, се прашува кои се причините зад оваа ситуација:

Z czego to wynika? Moim zdaniem, niestety, z lenistwa intelektualnego. Ono przejawia się nie tylko w niskich wynikach czytelnictwa, ale także w tym, że w godzinach największej oglądalności w telewizji można obejrzeć tylko kolorowe seriale albo krzyczące teleturnieje albo w tym, że multipleksy nie wyświetlają tak zwanych ambitnych filmów. Zbyt wiele osób pozwala sobie na intelektualne lenistwo, na karmienie mózgu wysoko przetworzoną papką, która szybko się wchłania i nie każe się nad sobą zastanawiać. A czytanie książek, nawet takich rozrywkowych, wymaga jednak jakiegoś wysiłku intelektualnego i skupienia przez dłuższy czas. Ale to są wzorce, które wynosi się z domu i ze szkoły.

Зошто се случи ова? Според мене, виновна е главно интелектуалната мрзеливост. Оваа мрзеливост не само што се изразува во ниските стапки на читање, туку и на пример, во типот на популарните серии и телевизиски натпревари. Тешко е, исто така, да се најдат „предизвикувачки“ филмови во кината. Многу од нас си дозволуваат да бидат интелектуално мрзеливи, да ги хранат мозоците со незначајни работи кои не бараат никаква рефлексија. А, читањето на книги е тешко, бара напор и способност да се концентрираш малку на едно нешто. Но, ова се работите на кои сме научени во училиште и дома.

Друг блогер, чиј псевдоним, Киндлманиак, ја открива неговата вистинска пасија, има направено истражување во кое ги прашува луѓето што го следат да одговорат на неколку прашања поврзани со нивните навики за читање. Резултатите се неверојатни: половина од нив тврдат дека читаат повеќе од 10 книги во година, со 17 проценти кои читаат повеќе од 50! Тој пишува:

Bardzo mnie cieszy fakt, że wśród odwiedzających bloga jest tylu regularnych czytelników książek. Myślę, że ma to też swoje uzasadnienie pragmatyczne. Właśnie osoby, które decydują się na zakup czytnika zazwyczaj na co dzień czytają dużo a czytnik ma im jedynie ułatwić oddawanie się ‘nałogowi’. Co ciekawe nie rzadko świeżo upieczeni właściciele Kindle'a stwierdzają, że odkąd posiadają czytnik przeczytali więcej książek w danym czasie niż normalnie by się im to przydarzyło.

Многу сум задоволен од фактот што помеѓу посетителите на мојот блог има толку многу што читаат редовно. Мислам дека може да се даде многу прагматично објаснување за тоа. Обично луѓето кои купуваат електронски уреди за читање на книги се оние кои читаат многу, а самите уреди ги потикнуваат во зависноста уште повеќе. Интересно е дека корисниците на Киндл многу често откриваат дека откако почнале да го користат уредот читаат многу повеќе од порано.

Киндлманиак дава заклучок со следната изјава:

Można powiedzieć, że grupa czytelników bloga reprezentuje wręcz odwrotne tendencje niż główny nurt.

Можеме слободно да кажеме  дека читателите на овој блог покажуваат спротивна тенденција од останатите.

Но, дали е така и за останатата полска блогерска заедница?

Изгледа дека не е толку лошо како што замислуваат некои. Нобукс пишува:

Serwisy literackie odwiedzają setki tysięcy internautów, którzy tworzą wirtualne biblioteczki, oznaczając między innymi, co chcą przeczytać. W Empikach setki książek i komiksów są po prostu „zaczytywane”, na co narzekają ich wydawcy. Targi książki biją rekordy popularności.

Веб-сајтовите со електронска литература се посетувани од стотици илјади корисници на интернет кои креираат свои виртуелни библиотеки, означувајќи ги оние книги кои би сакале да ги прочитаат. Во Емпирикс [полски ланец на книжарници], стотици книги и стрипови се читаат одново по неколу пати (издавачите не се среќни поради ова). Пазарот на книги добива на популарност секоја година.

Според полските блогери, полскиот „хоризонт на читање“ можеби изгледа замаглен, но сепак постои надеж. Радосна вест, особено за оние кои гледаат на интернетот како нова платформа за споделување на знаење и мисли, е дека поради истражувањето направено од полската блогосфера преку 3 милиони Полјаци (кои се постари од 15 години) тврдат дека читаат написи на блогови секој ден. Уште повеќе, преку 300 000 од полските деца редовно читаат блогови, 180 000 пишуваат свои интернет дневници и скоро 160 000 оставаат коментари на работите што ги читаат онлајн.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.