Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Колумбија: Полиција танцувајќи ги пречека фудбалерите

Во Меделин, Колумбија, полициски офицери пречекаа фудбалски играчи на аеродромот, оставајќи добар впечаток на посетителите, но истовремено и предизвикувајќи грижа кај истите за безбедноста на некои локали.

Меделин е домаќин на Светското првенство ФИФА У-20 и Фудбалската асоцијација (ФА) објави видео од пречекот кој градот го организираше за англиската екипа Суб 20 со наслов „Луд колумбиски пречек“.

Screenshot from TheFA video

Кадар на екранот од видеото на ФА

Англиската У-20 посада го најде нивниот ритам со пристигнувањето на аеродромот во Медалин, кога им беше организиран неочекуван дочек од страна на локалната колумбиска полиција.

Marxepunx кој живее во Меделин се чини дека не се сложува со полициските приоритети:

Y justo ayer leía que no se podían disponer de algunos policías en el Centro de Medellín donde se han incrementado los robos. Es que los pocias están súper ocupados haciendo labores de “CRAZY” comité de bienvenida.

Вчера читав дека дополнителна полициска сила не е на располагање во центарот на градот каде бројот на кражби е зголемен. Тоа е затоа што полицијата е преокупирана со нејзината работа како „ЛУД“ одбор за дочек.

И покрај тоа, се чини дека за аргентинските посетители кои го покриваат Светскиот куп ова е пријатен гест. На Бенфилд локура, блог на аргентинскиот фудбалски тим тие напишаа:

Fue impactante el recibimiento que tuvo el seleccionado argentino. Tanto en Bogota, primera escala, como en esta ciudad punto de concentración para los partidos de la fase clasificatoria. Danzas típicas, conjuntos lugareños, salsa, música tropical, y otros tantos ritmos más. Lo curioso, que aquí la coreografía de las mujeres eran formadas y realizadas por integrantes de la fuerza pública. Tímidamente, casi a los empujones, con un tanto de vergüenza y pudor los muchachos no pudieron negarse y ensayaron algunos pases de baile.

Es que aquí se vive y respira fútbol a cada paso, en cada rincón de esta cálida tierra colombiana. Conocen a todos, saben a la perfección “la historia” de cada uno. Los aeropuertos desbordaron cordialidad, amabilidad y porque no admiración.

Пречекот организиран за аргентинската селекција беше импресивен. Во Богота, првото место на пристигање, како и во градот, каде беше местото на среќавање за игрите во кругот на класификации. Фолк танци, регионални музички групи, салса, тропски и други ритмови. Необичната работа е дека целата кореографија беше направена од жени од полициските единици. Плашливо, дури и со терање и срам момчињата не можеа да одбијат и испробаа неколку чекори од танцот.

Бидејќи фудбал живее насекаде во овој регион, во секој агол од Колумбија. Тие ги знаат сите, до перфекција ја знаат „историјата“ на секој од нив. Аеродромите се преплавени со добрина и зашто да не, восхит.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.