- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Норвешка: Онлајн траги на масовен убиец

Категории: Западна Европа, Норвешка, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Идеи, Медиуми и новинарство, Најважни вести
An Oslo street after the explosion [1]

Улица во Осло, ден после експлозијата, фотографија: Франческо Ривети објавена на Фликр на 23 јули 2011 година (Криејтив Комонс Наведи извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови)

Во петок, 22 јули 2011 година, во 15:36 експлозија во Осло, Норвешка, уби седум луѓе и предизвика обемна штета на неколку владини објекти. Само неколку часа подоцна теророт продолжи со човек кој облечен како полициски службеник отвори огин кон учесниците на кампот на Лабуристичката младина (АУФ) [2] на островот Утоја [3]. Најмалку 85 луѓе беа убиени на островот пред напаѓачот да биде заробен од страна на полицијата и да биде идентификуван како 32 годишен Норвежанец по име Андерс Беринг Бреивик. [4]

Набрзо беше откриена и Фејсбук страницата на Бреивик [5], како и неговиот единствен твит [6] кој го објавил на 17 јули. Блогери и новинари од Норвешка, како и од други земји, продолжија да пребаруваат низ интернет страниците за било каква трага од Бреивик што би можела да помогне во објаснувањето на неговите дела.

Барањето траги за мотив

Минатата сабота, блогер по име Кевин Слотер (@kevinslaughter [7]) во САД пронајде манифест од 1514 страници [8] и 12-минутно видео [9] на кое се појавува Бреивик, иако објавено на англиски под псевдонимот Ендру Бервик. Тоа претставува бурна критика против таканаречените културни марксисти и против исламизацијата на Европа, истовремено нудејќи и совет за светските терористи. Норвешките медиуми потврдија [10] дека документот и видеото биле објавени од страна на Бреивик на истиот ден на нападите.

Додека документот не може да се разгледува како нешто што се препорачува за читање, интензивната љубопитност околу идентитетот на убиецот, го претвори истиот во популарна тема за дискусија.

На Твитер, разговорот околу веќе споменатиот документ може да бидат најдени под хаштагот #N2083 [11] што е референца на неговиот наслов: „2083: Европска декларација на независност“

Блејк Хоуншел (@blakehounshell [12]) главниот уредник на Форејн полиси магазин [13] во живо твиташе реплики од манифестот додека го читаше истиот во неделата.

@blakehounshell [14]: Авторот смело признава, „Да се биде витез не е за секого“

@blakehounshell [15]: „Изгледај политички коректно или во најмала рака умерено, облекувај се нормално. Обиди се да ги ограничиш твоите реторички активности. Избегнувај интензивна активност на форуми.“

@blakehoundshell [16]: Авторот препорачува на своите колеги/пријатели/фамилија/соработници да им кажеш дека си започнал со интензивно играње на некоја игра, пример World of Warcraft и дека периодот си фокусиран на тоа.

Игнорирајќи го својот совет, Бреивик бил активен на онлајн форуми, вклучувајќи го и оној на норвешката десница и оној за анти-муслиманска имиграција на веб-сајтот Document.no. Неговите коментари од 2009 и 2010 година [17] се преведени на англиски и објавени [18] такви на блогот на Даг Саундерс (@DougSaunders [19]), европскиот шеф на бирото на Глоуб енд Мејл весникот од Канада.

Информации и од други извори

Во неделата, основачот на Document.no- Ханс Раштад [20] ѝ откри на јавноста дека многу параграфи од манифестот на Бреивик се плагијат [21] преземен од манифестот на Тед Качински [22], познат како „Unabomber“. Качински испрати десетина бомби преку пошта до универзитети и воздухопловни компании помеѓу 1978 и 1995 година, со што уби три луѓе. Каде Качински има напишано „Левичар“, Бреивик го има заменето со „културен марксист“.  Раштад пишува дека оваа информација ја добил од анонимен извор кој за да го проучи манифестот му била потребна цела ноќ и при тоа „случајно забележал сличности“. Реагирајќи на интензивниот медиумски интерес, Document.no се дистанцираа себеси [23] од Бреивик, нагласувајќи ја личнaта критика на Раштад во манифестот и нагласувајќи дека Бреивик исто така има објавувано и на други онлајн форуми како Минерва [24] и на шведската нео-нацистичка веб-страница Nordisk.nu [25].

Поранешни пишувања на Бреивик исто така се пронајдени и на онлајн гејмерскиот форум Eu.Battle.net каде играчи на World of Warcraft [26] и други игри комуницираат за да дискутираат за игри. Во едно произлегување наречено „Напаѓачот од Осло е играчот [27]WoW [27]?? [27]“ членови на форумот дискутираа дали некој од нив некогаш стапил во било каков контакт и допир со Бреивик и како неговата гејмерска историја довела до негативна медиумска интерпретација на видео игрите.

На блогот на Њујорк Тајмс, Роберт Макеј постирал неколку врски до „Веб траги кои може да посочат кон мотивите на осомничен напаѓач [28]“, како и неколку видео записи во кои е прикажана штетата предизвикана на улиците на Осло [29].