- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Филипини: Криза за вода во Манила

Категории: Источна Азија, Филипини, Владеење, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Животна средина, Здравје, Катастрофи, Најважни вести, Развој
[1]

Фотографија од Фликр страната на rickyli99

Метро Манила, регионот на главниот град на Филипините, во моментот се соочува со недостаток на вода со милиони долготрајни рационализации на снабдувањето со вода. [2] Очајни за бања, незадоволните жители започнаа да ги кршат цевките за вода во градот Малабон [3]. Филипинските блогери се обидуваат да ја најдат смислата на оваа криза.

Блогот на Blackshama смета дека фактот што овие рационализации се вршат за време на сезоната на дождовите [4] е загрижувачки.

Август е највлажниот месец. И доколку временските обрасци не се менуваат, следниот месец можеби ќе биде најсувиот август. Септември е последниот месец од влажната сезона и тогаш започнува сушата. Единствената работа што треба да се направи е да се намали употребата на водата.

Овој недостаток дојде после неодамнешниот напад на тајфунот „Басјанг“ (меѓународно име: Консон). Window To my Soul „полудува” [5] поради недостатокот на вода.

Почекајте, ние имаме вода, меѓу останатото. Сепак притисокот на водата е многу низок и таа не може да се искачи. Не доаѓа до мојата соба. Мојата бања нема вода. Славините во неа немаат испуштено ни капка вода уште од бурата [Тајфунот Басјанг]. Тоа приближно се 6 денови без вода. Морам да носам вода дури од подрумот.

I am Hybrid Cha го споделува нејзиното искуство со недостатокот на вода. [6]

Ова навистина е болно за мене и за сите нас и јас апсолутно го зголемив моето трпение, најмногу што можев затоа што и немам некој избор (насмевка!). Плочките, приборот, тавите и чашите се неизмиени, оставени преку ноќ во кујнскиот мијалник; се немам добро избањато(водата доаѓа (доаѓа???) во 6 наутро и заминува (заминува??? таа ни е посетител) околу 1часот попладне) за на работа; сакав кратко да се истуширам (кога јас сакам), но бидејќи нема вода што можам да направам освен да го издржам тоа лепливо и неуредно чувство. Има работи кои многу сакам да ги направам, работи кои се дел од мојата рутина и кои не можев повеќе да ги правам последните неколку денови (да бидам попрецизна од четвртокот навечер, 15 јули) бидејќи водата баш и не сака да соработува.

Let's Go Pinoy исто така ги споделува своите искуства [7] кои смета дека се поврзани со кризата со вода.

иако нашите славини продолжуваат да ни ја обезбедуваат многу потребната вода, вчера водата што течеше беше со лесно кафеава боја! Прво мислев дека тоа е од валканите кофи и ги измив од двете страни и после неколку миења утврдив дека тоа е самата вода. Таква е и ова утро, но не толку кафена. Поради ова вчера не се избањав. Но жештината и лепливоста поради потењето ме натераа да се избањам.

Pinoy Buzz III предложи мерки [8] кои владата може да ги преземе за да го реши недостатокот со вода на подолго време.

1. Сите згради да бидат доизградени така да ќе можат да ја рециклираат водата за мијалниците и за тоалетните казанчиња.

2. Сите згради треба да ја складираат дождовницата.

3. Сите комерцијални претпријатија и приватните резиденции треба да имаат објекти за преработка на отпадните води. На помалите претпријатија може да им се даде опција за користење на заеднички објекти за преработка на отпадните води додека поголемите да имаат свои објекти.

4. Забрана за градба на нови голф терени и водени летувалишта на копно.

5. Започнување на изградба на објекти за десалинизација.

6. Да се започне со изградба на објекти за обнова на водата покрај реката Пасиг и во брегот Лагуа.

Според Radical's Nut, кризата со недостатокот на вода [9] оди над феноменот Ел Нињо и немаше да биде толку лошо ” не поради структуралните работи поврзани приватизацијата на градскиот водовод и канализација пред скоро 13 години “

Помеѓу многуте ветувања дадени од страна на приватните водени концесионери администрацијата на Рамос го унапредува веќе истрошениот инфраструктурен систем за водата. Таквото надградување ќе донесе до значително редуцирање на недостатокот на вода (NRW, или загуба на вода поради протекувањето и ситните кражби) и ќе помогне да се постигне универзален 24/7 снабдување со вода за зголемениот број на домаќинства. Во оригиналниот договор за концесија со MWSS, приватните фирми за вода ветија дека ќе обезбедат универзален пристап до 2001.

Но се до денес, помалку од 60 проценти од 790,000 домаќинства во подрачјето на Меинилед имаат 24 часовно водоснабдување додека само 74 проценти добиваат вода околу 7 фунти на квадратен инч (PSI) или посилен притисок на водата. (прочитај овде [10]). Повеќе од половина (53 проценти) од водата во Меинилед се губи поради истекувањето или ситните кражби.(прочитај овде [11])…

Не постојат податоци кои недостатокот на вода можат да го сведат на протекување и ситни кражби. Континуираниот раст на диви приклучоци може да се објасни со брзото растење на сметките за вода поради зголемените трошоци за приватизацијата на водоснабдувањето. Од приватизацијата на Водовод и канализација, основната наплата на Меинилед веќе порасна за 449 проценти и Manila Water за 845 проценти. Сето тоа заедно со намалувањето на работните места, стагнирањето на платите и примањата и зголемениот раст на трошоците за живеење ја дава целосната слика.