- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јужна Осетија: Олимписко примирје

Категории: Популарен напис, Источна Азија, Источна и Централна Европа, Централна Азија и Кавказ, Грузија, Кина, Русија, Меѓународни односи, Спорт

Често засенувајќи ги Олимписките игри 2008 во Пекинг во традиционалните медиуми, конфликтот помеѓу Грузија и Русија за Јужна Осетија [1] предизвика појавување на прашања за тоа што треба да претставува овој интернационалниот спортски настан. Со совпаѓањето на воените акции со отворањето на игрите, неколку блогери ги потсетуваат читателите за олимпиското примирје [2]. ОлОвер објаснува повеќе [3]:

Настаните во Јужна Осетија, Грузија во последните неколку денови го поттикнаа повторното зборување за олимпиското примирје. За време на античките олимписки игри, светско примирје се склучувало помеѓу сите учесници. […]

Ако одредена земја/град се вклучи во било каков конфликт и го наруши примирјето, тогаш и се давало строги казни и ѝ било забрането натпреварување на игрите. Некогаш тоа се сметало за голем срам.

Сега има модерно движење, креирано за да го поддржува олимпиското примирје. Обединетите нации ја имаат присвоено „резолуцијата на олимпиското примирје“ за игрите во Пекинг 2008. Сепак гледаме две од земјите, коишто се натпреваруваат во овој момент, Грузија и Русија, како се вклучени во воен конфликт поради спор за земја во Јужна Осетија.

[…]

Треба да има повеќе предавања за значењето на олимпиското примирје и нациите мора да започнат да го почитуваат повторно. Доколку не можеме да го почитуваме и задржиме мирот на неколку недели, секои четири години, каква е оваа цивилизација која ја создадовме? Колку агресивно и нестабилно е постанато модерното општество?
Можам само да се надевам дека овие конфликти брзо ќе се разрешат и дека двете земји ќе го следат примерот на своите спортисти и ќе склучат примирје.

Гуско Корнер исто така коментира за олимпиското примирје [4]:

Овие денови насловите на интернационалните медиуми најчесто се исполнети со Олимписките игри во Пекинг и војната помеѓу Русија и Грузија. Во Античка Грција, за време на Олимписките игри, војните помеѓу градовите запирале, со цел да се овозможи младата популација да учествува во игрите. Ова било нарекувано „ ekecheiria “ (олимписко примирје), а за првпат е применето во 778 п.н.е.

[…]

И покрај овој повик, додека во античките времиња олимпиското примирје било почитувано, во нашето модерно „цивилизирано“ време – кога Олимписките игри станаа глобален настан, контролиран од бизнисот и политиката – примирјето ретко се почитува, како што фактите во Кавказ покажуваат овие денови.

Можеби треба сите да размислиме за ова…

Мад Минерва 2.0, исто така пишува дека вистинскиот дух на игрите е изгубен [5]:

Додека светот е зафатен со Олимпијадата, Кавказ е во војна бидејќи Грузија и Русија дојдоа во конфликт поради Јужна Осетија. Помеѓу сите реторики на Олимпијадата за светско единство и што уште не, ова е груба доза на брутална реалност. Античките Грци, иако често се бореле меѓу себе, па дури и со другите, барем ја имале идејата за „олимпиското примирје“, со цел да се сопрат немирите додека се одржувале игрите. Таа среќа ја немаат модерните игри. Денешното „примирје“ е само идеја и изгледа премногу наивно.

[…]

Време е да се испратат кловновите – Мислам, дипломатите.

Меѓутоа можеби има надеж. Додека Анзип објави фотографија [6] од прегратка на двајца атлетичари, Пенгвин Сикс забележува дека Наталија Падерина од Русија и Нино Салуквадзе од Грузија повикале на мир [7].

Лидери за медалот Пјер де Кубертен за спортски дух се двајца стрелци, еден од Русија и еден од Грузија, кои денес ја споделија платформата за медали во женската дисциплината стрелање со пиштол од десет метри. Грузијката Нино Салуквадзе и Русинката Наталија Падерина, поранешни партнери во тимот на СССР, денес освоија бронза и сребро, но одвоија момент за да повикаат на мир во проблематичната област, Јужна Осетија.

Пекиншки олимписки игри 2008, меѓутоа ја посочи иронијата [8] за освоените медали на Падерина и Салуквадзе во… пукање.