Аргентина: Што ги иритира Аргентинците?

Далеку е од разочарување тоа што изгубија во нокаут фазата на Копа Америка 2011, каде што Аргентинците ќе треба да видат дали Уругвај или Парагвај ќе биде крунисан за победник [од пишувањето на овој напис Уругвај го победи Парагвај со 3:0 во финалето на Копа Америка во неделата на 24 јули] покажува дека не само фудбалот [шпански] ги иритира Аргентинците. На 22 јули ознаката #иританте [шпански] стана најчитана тема со протести и иритации за политика [шпански], сообраќај [шпански], соседи [шпански] дури и фамилија [шпански] и социјални мрежи [шпански].

Политика

За време на 2011 година, Аргентина ќе преживее изборен процес [шпански] каде неколку високи државнички места како претседател, гувернери, сенатори, конгресмени и градоначалници ќе бидат променети или повторно изгласани. Реакциите на луѓето се различни. Гонзало Ајала (@gonzalomayala) се нервира од сегашниот шеф на владата во Буенос Аирес [шпански] и кандидат за реизбор (тој е исто така претседател на познатиот фудбалски клуб Бока Јуниорс), Маурисио Макриi:

#irritante MAAAAAAAAAAAAACRIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIII

#irritating МАААААААААААААААААААКРИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ

Слика од Џеронимо де Франченсо, Фликр (Криејтив Комонс Наведи извор-Сподели под исти услови 2.0)

JP Saenz Valiente (@Jpsaenzvaliente) не сака лага и предлага кандидат како решение:

#irritante es bancar que nos mientan. Para el gob k todos los problemas son sensaciones. Podemos cambiar y @eduardoduhalde es el solucion

#irritating, иритирачки е да те лажат. За К [Кирхнер] секој проблем е сензација. Ние можеме да го промениме и @eduardoduhalde е решението

Многу дискутиран случај во Аргентина беше Ернестина Херера де Нобл. Случајот е за посвојување на две деца и можната поврзаност што тие ја имаат со децата кои исчезнаа за време на воената диктатура. Истрагата која што е започната пред повеќе од пет години, конечно успеа да направи генетска студија со Банката за генетски податоци и весникот Лос Андес [шпански] ги коментира резултатите:

La Justicia comprobó ayer que los perfiles genéticos de Marcela y Felipe Noble Herrera no coinciden con los de las dos familias querellantes en la causa por la filiación de los dos hermanos, lo que deja en claro que no tienen vínculo biológico.

Вчера, Министерството за правда потврди дека генетските профили на Марсела и Фелипе Нобл Херера не се совпаѓаат со која било од семејствата кои тужеа дека биле во роднинска врска со децата, а со тоа јасно се покажа дека немаат никакви биолошки афинитети.

На Твитер, корисникот Ернестина (@MmeErnestina) се жали за политичката идеологија на нејзиниот шофер и односот на Банката за генетски податоци:

Algo #irritante es que mi chauffeur se declare peronista en pleno paseo por Recoleta. Eso no se limpia en ningún Banco de Datos Genéticos.

Нешто #иритирачки е дека мојот возач се декларира како десно-Перонистички ориентиран на средина на авенијата Раколета. Тоа не се чисти со која било банка на генетски податоци.

Центар за повици

Освен политика, оваа минато попладне на 22 јули, луѓето се жалеа за центрите за повици и редовите за чекање. На пример како Хектор д'Иполито (@hdippiros), кој не сака продажба преку телефон:

#irritante- los #Call Center y la #Ventatelefonica,te llama una grabadora y te hace esperar hasta que te atienden.

#иритирачки- #Центар за повици и #продажба преку телефон, ти се јавува автоматска машина и те тера да чекаш додека некој се јави.

И Пити (@pitydg89) не сака да чека:

#irritante esperar en los call center

#иритирачки е да чекаш во сите центри за повици

„Моделот со дрога“

Неодамна, еден аргентински модел беше обвинет дека се обидела да криумчари дрога. Во петокот, на 22 јули, таа беше ослобдена и весникот Инфобае [шпански] напиша:

El abogado de Daiana Antivero, la modelo de 18 años procesada por tentativa de contrabando de drogas, explicó que la única prueba que tienen contra la joven, liberada esta mañana, es la llamada telefónica que realizó para reservar una habitación para las “mulas”

Адвокатот на Дајана Антиверо, 18-годишниот модел обвинета за обид за криумчарење на дрога, објасни дека единствениот доказ кој што го имаат против младата девојка, ослобедена ова утро, е телефонски повик што го направила за да резервира со „мјулс“

Аргентинците праќаа многу Твитер пораки за овој настан, како на пример Макси Лакримосо (@maxiLACRIMOSO), кој напиша:

La MODELO NARCO bajando las escaleras de Tribunales.. Boludo, avisale que está procesada no es un desfile. La mina vió cámaras.. #irritante

Моделот со дрога како се симнува од скалите на судот. Човече, некој нека ѝ каже дека имаше обвиненија против неа, а тоа не е бегање. Девојката виде камери… #иритирачки

И Маријaно Моњи (@marianomogni) се иритира од истиот проблем и ни пиша:

#Irritante es que a la pobre (?) modelo liberada le sigan diciendo “narcomodelo”. Ah, y que Sofía Gala sea TT también lo es.

#Иритирачки е што неодамна ослободениот кутар модел (?) сè уште се нарекува „моделот со дрога“. Па уште и таа Софија Гала е една од најчитаните теми. И тоа е иритирачки.

Секојдневен живот

Но, од петокот попладнето, поголем дел од Твитер пораките беа за секојдневниот живот и за нештата кои можат да му се случат секому, сакаме или не: соседи, роднини [шпански], интернет услугата или пак самото будење наутро:

Флор Хадид (@FlorHadid):

#irritante que me levanten de la cama a los gritos

#иритирачки е што ме будат со викање

Агу Виљаба (@AguuustiiinaAP):

cuando me quedo sin internet eso es #irritante

кога сум без интернет, е тоа е #иритирачки

Лучијана Беаде (@lucianalemania):

#irritante ir por la calle APURADA y que justo ese dia haya gente que sale hasta por debajo de la tierra que no te deja pasar

#иритирачки е кога си одиш по улица и се брзаш и токму тој ден луѓето доаѓаат од никаде и не те оставаат да поминеш

Лучо Мансо (@luchomanso):

@samanthaplza: #irritante, literalmente, es el papel higiénico del baño de los boliches!//En el de hombres ni siquiera hay jajaja

#иритирачки, во буквална смисла, е тоалетната хартија во дискотеките!// ја нема воопшто во машкиот тоалет, хахахахаха

Флоренсија Паз (@Florpaaz):

Viajar en el subte como un pan lactal es #irritante

Патувањето со метро кога си стуткан како бакшиш е #иритирачки

Дали тебе те иритира нешто? Доколку да, искористи ја ознаката #иританте за да се ослободиш од нервозата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.