Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Тунис: Време е да се пријавиш за избори

Овој напис е дел од специјалното покривање на Револуцијата во Тунис 2011 година.

Пријавувањето за изборните списоци во Тунис започна на 11 јули 2011 година и ќе трае до 2 август. Но, статистиките покажаа дека Тунижаните одбиваат да се регистрираат за изборните списоци. Токму затоа група на туниски блогери започнаа со интернет кампања за да ги поттикнат луѓето да се регистрираат на изборните списоци за изборите за конститутивното собрание на 23 октомври 2011 година.

Тие го одбраа слоганот: „Време е да се пријавиш за нивната кампања“ (види подолу).

Исто така, се направи и Фејсбук настан именуван „Блогирајте за пријавување на изборните списоци (Bloguez pour l'inscription aux listes électorales)“ [француски]. Повеќе од 309 блогери го потврдија нивното учество за настанот за 25 и 26 јули.

"Time to Register for their campaign"

„Време е да се пријавиш за нивната кампања“

Некои блогери, како Валада [арапски], веќе напишаа објави:

أنا سجّلت اسمي في القائمات الانتخابيّة ، و كذلك الشّأن بالنّسبة إلى أفراد عائلتي و جيراني و أصدقائي . سجّلنا برغم كلّ شيء برغم زخم الأحزاب و خطابها السّياسي غير المقنع ، و برغم الانفلات الأمني ، و الحرائق المُدَبَّرة ، برغم غلاء المعيشة و تدهور المقدرة الشرائيّة ، برغم الاحتكار و الاستغلال و استمرار البطالة ، برغم البطولات الورقيّة و العنف و الاستفزاز … برغم كلّ هذا و غيره سجّلنا

لأنّ الإحجام عن التسجيل سلبيّة و استقالة و السلبيّة لا تبني بلدا

Јас се регистрирав за изборниот список. Моето семејство, моите соседи и моите пријатели го направија истото. Ние се пријавивме без разлика на сè. И покрај неверојатно големиот број на политички партии и нивната неубедлива реторика и покрај недостатокот на закони и намерните препукувања и покрај високите трошоци за живот и влошувањето на куповната моќ и покрај монополот, искористувањето и постојаната невработеност и покрај замислените победи и херои, насилство и провокација… И покрај сè ние се регистриравме… Вистина е дека бојкотирањето е негативно. Тоа е откажување. Негативноста и откажувањето не градат држава. 

И „Анадр брик ин д вол (Another Brick in the Wall)“ [арапски] напиша:

ناس عطاطها ولادها وأكبادها 

ناس عطاتها أعزّ ما عندها

ناس عطاتها عمر فناتو في خدمته

ناس عطاتها ايّامها ولياليها

وأنت؟ ما عندكش دقيقة ليها؟

برى قيّد باش كان تحبّ تعاود تبنيها

برى قيّد و ما تبخلش عليها!!

من وقتك، دقيقة أعطيها !!

قيّد….خير ما نبكيو عليها

Некои ги жртвуваа своите деца за неа 

Други ги дадоа најдрагите нешта за нивните срца

Некои посветија и ден и ноќ за тоа

А ти? Дали имаш минута за тоа?

Оди и пријави се доколку сакаш повторно да ја изградиш

Оди и регистрирај се, не биди злопамтило

Одвои само минута од своето време

Регистрирај се за да не жалиме

Некои луѓе повикуваат за пријавување на изборните списоци, но други пак повикуваат на бојкот, како што е случајот со групата Такриз („нервоза“ на туниски дијалект), кои ги повикаа луѓето од Твитер да ги бојкотираат и пријавувањата за изборните списоци и изборите. Тие се обратија до туниската влада со зборовите:

@Takriz: Сакате избори? Дадете ни правда, транспарентност, финансиска контрола врз партиите, поразумен изборен законик и странски контролори.

Како што пополека се наближува датумот за избор на конститутивното собрание, во Тунис се јавуваат многу дискусии и контроверзии. Тунижаните успеаа да го избркаат диктаторот и сега се обидуваат да изградат вистинска демократија. Дали ќе успеат во тоа? Само времето може да покаже.

Овој напис е дел од специјалното покривање на Револуцијата во Тунис 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.