Ерменија: Бурни реакции поради коментар на поглаварот на црквата

Само неколку дена откако се појави веста дека Карекин Втори, кој е духовен водач на Eрменците и се наоѓа на чело на Eрменската апостолска црква, изјавил дека се оградува од манастирите и црквите лоцирани во планинските предели на земјата, гневните Ерменци покренаа кампања на социјалните мрежи за протерување на ерменскиот Католикос [титула која се користи за некој што е на чело на црквата во некои традиции од Источна Европа] креирајќи настан на Фејсбук насловен „Карекин Втори, заминувај! Со црквата не се тргува“.

Проблемот настанал кога историчарот, Самвел Карапетиан, предложил на ерменскиот Католикос да донира средства за репарација на манастирот Санахин, кој датира од 10-от век, сместен во провинцијата Лори и претставува едно од светските наследства на УНЕСКО. Според Карапетиан, одговорот на ерменскиот Католикос бил дека тој нема никаква врска со тој објект, без разлика што е во сопственост на Ерменската апостолска црква.

The dilapidated medieval Sanahin Monastery at the center of the controversy. Image by Flickr user Rita Wilaert (CC BY 2.0).Средновековниот манастир Санахин кој што е предмет на контроверзијата. Фотографија од корисникот на Фликр, Рита Вилаерт (Криејтив Комонс Наведи извор 2.0).

Во настанот од Фејсбук е наведено дека средбата треба да се одржи пред 31 јули 2011 година, со истоврмено изнесување на мислења преку социјалните мрежи, за да може поплаките изнесени преку групите да стигнат до ерменскиот Католикос. Се појавија слични групи, меѓу кои и „HERACI-Garegin II“ што во превод значи „Заминувај, Карекин Втори“. Оваа група бара негово разрешување од функцијата или отставка.

Heriq exav duq mez xaytarak aneq!!! Heraceq!!!

Ни нанесовте голем срам!!! Заминувајте!!!

Со 254 „ми се допаѓа“, групата „Պահանջում ենք Կաթողիկոսի հրաժարականը“, (Бараме оставка од ерменскиот Католикос) има најголема поддршка, исто така, креиран е и приватен профил „Գարեգին Հեռաց“, (Карекин, замини си).

Во исто време, се појави прашалник на Фејсбук, дали ерменскиот Католикос треба да си замине од Ерменската апостолска црква, кој исто така привлече внимание со тоа што доби поддршка од над 2 500 луѓе кои одговорија со „да“.

 

 

Повици за негова оставка исто така се појавија и по другите социјални мрежи и блогови, како на пример Твитер.

@Хима Карен: Илјадници Ерменци бараат заминување од функцијата на духовниот водач на #Ерменија, Карекин Втори. Оставка!

Ерменскиот Католикос беше избран во 1999 година, наследувајќи го Неговото Височество, Карекин Први, кој и на почетокот на годинава предизвика негодувања со тоа што побара медицинска помош надвор од родната земја и на тој начин испровоцира некои блогови, како на пример „Unzipped “, да шпекулираат за неговата недоверба во здравството во Ерменија.

Сликичка од Манастирот Санахин, Ерменија. Фотографија од Фликр во сопственост на sjdunphy (Криејтив Комонс Наведи извор-Сподели по исти услови 2.0).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.