- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Никарагва: 2.0 Средба за блогови и нови медиуми во Манагва

Категории: Латинска Америка, Никарагва, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Развој, Технологија, Уметност и култура, Човекови права
[1]

Флаер за 2.0 настанот за блогови и нови медиуми

Експертите во дигиталната заедница ќе се сретнат на 2.0 Средбата за блогови и нови медиуми, која ќе се одржи на 12 и 13 август во Универзитетот на Централна Америка (УЦА) во Манагва, Никарагва. Оваа активност е практична проценка на веб тенденциите и моќта на тие алтернативни начини од комуникацијата која треба да влијае на јавните и приватните сфери.

Собирањето [шпански] [2] ќе вклучува учество на разни експерти од Централна Америка, Колумбија и Венецуела кои ќе одржат предавања, работилници и многу повеќе. Главните теми ќе бидат : Нови медиуми и културната разлика и развој, граѓанско учество и застапување, создавање на содржина за нови медиуми, нови сценарија : мобилни апликации, нови начини на користење и методи, перспективите на иднината.

„Тоа е културно збогатено искуство, кое исто така вклучува и предлог кој треба да се нагласи дека веб активноста не е само новина, тоа е исто така метод на учење кој создава вистинска дебата која може да влијае на јавното мислење”, вели Дејвид Руиз Лопез – Присуелос координатор на Шпанскиот културен центар во Никарагва (Centro Cultural de España en Nicaragua, CCEN).

За да се помогне да се визуализираат настанот ќе започне со панел дискусија околу користење на овие алатки. Панелот го вклучува онлајн проектот Ла Карпео (”Proyecto La Carpio en Línea”) [шпански] [3]” од Костарика, Се за карипските крајбрежја на Нигарагва (”Todo por la Costa Caribe de Nicaragua”) [шпански] [4] ” од Фејсбук и Друг свет е можен (”Otro mundo es posible”) [шпанки] [5]: Организацијата и дејството на социјалните движења на интернет од Никарагва. Како интересен елемент ќе биде користењето на отворен микрофон за блогерите за да ги споделат своите искуства.

„Тоа е активност, да се разговара за моменталната состојба на масивните медиуми и тенденции кон другите формати, кои се движат од микро – блогирањето до поткастингот и како медиумите се приспособуваат на различни намени и потреби, кои се движат од основното општествено организирање па се до употреби во големите компании” вели Родриго Пеналба [6] авторот за Глобал војсис [7], специјалист за културната продукција во новите медиуми и специјален гостин на настанот CCEN со цел да помогне околу негово организирање.

Во текот на вториот ден, новинарот Кристијан Камбронеро [8] од Костарика, Глобал војсис авторот Рената Авила [9] од Гватемала и Јулиана Изабел Паниаку [10] од проектот “Хипербарио” на Глобал војсис [11] во Колумбија ќе го презентира искуството на граѓанското учество на интернет. Исто така ќе има и телефонска конференција од ББС во Лондон [12] , работилници за создавање на содржини и разговор со блогерите од Никарагва Емила Персола [13], Фреди Куезада [14], простор за алтернативна комуникација и сексуална разновидност (Espacio de Comunicación Alternativa por la Diversidad Sexual [шпански]) [15] и Фабио Буитраго [16] кој ќе зборува за видео блогирањето како канал за еколошка едукација и акција.

Серијата на предавања ќе заврши со презентација за новите тенденции на општо растечката употреба на блогови и нови медиуми од страна на бизнис корпорациите и со студии на случај на управување на социјалните мрежи во светот на рекламирањето. Настанот ќе биде отворен за целата јавност се додека не се постигне полн капацитет, давајќи приоритет на оние кои веќе се регистрирале на официјалниот блог, каде вестите и новостите ќе бидат објавувани. За повеќе информации посетете ги El encuentro de blogs [шпански] [2], исто така и програмата [шпанската] [17] и листата на потврдени презентери [18].