- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Грузија, Русија: Кибер напад врз блогерот „Cyxymu“

Категории: Источна и Централна Европа, Централна Азија и Кавказ, Грузија, Русија, Војни и конфликти, Дигитален активизам, Историја, Медиуми и новинарство, Меѓународни односи, Политика, Слобода на говор, Технологија

Пред една година, Руско-Грузиската војна [1] се совпадна со Олимписките игри 2008 во Пекинг, одвлекувајќи дел од вниманието на јавноста од мирниот спортски настан. Оваа недела, кибер напади на LiveJournal, Twitter и Facebook, насочени кон LJ/Twitter/Facebook корисникот cyxymu [2] од Тбилиси, додадоа поголема димензија кон известувањето за првата годишнина од војната – па дури и го сменија фокусот на некој начин.

Иницијално, руско-грузиската врска не беше очигледна. На 6 август LJ корисникот mhwest го објави овој текст [3] (англиски) на lj_maintenance LJ заедницата, објавувајќи дека платформата за блогирање е „под напад“:

Прекрасниот свет на DDoS

Како што некои од нас се запознаени, LiveJournal беше под напад ова утро од 6:00 до ??? Ги презедовме потребните чекори да го ублажиме DDoS, но некои корисници може се уште да се соочуваат со проблеми со поврзување. […]

Овој пост имаше 250 коментари, но имаше само неколку спомнувања на геополитичката причина за прекините. Еве неколку:

lavvyan – 6 август:

Доаѓаат Русите!

Не, чекај …

[…]

nysidra -7 август:

Се сеќавам дека го видов овој коментар вчера.

Само колку да знаете, бевте во право. ^_^

Нефункционирање на Twitter: Обвинете ги Русите [4]

Исто така на 7 август, Eternal Remont цитираше дел од напис на BBC [5] (англиски), објаснувајќи ја ситуацијата:

Вчера, како што крв паѓаше од небото, морињата се загреаја и Земјата се подели поради Denial of Service нападот на Google, Twitter и Facebook (Господе, не можам да „твитнам“ за фактот дека Twitter не функционира!) се запрашавме за една привлечна можност: Дали Русија е вклучена?

Можеби. Знаме дека нарушувањето на сите социјални мрежи на планетата беше насочено кон еден човек:

BBC [6]: „Масовниот координиран напад на веб-сајтови, вклучувајќи ги Google, Facebook и Twitter беше насочен кон една индивидуа, про-грузиски блогер познат како Cyxymu… Личноста е активен блогер и ботнет (botnet) беше насочен да ги побарува неговите страници со таква брзина што тоа влијаеше на другите корисници.“ […]

И така, вечерта на првата годишнина од војната, LJ корисникот cyxymu – чие корисничко име е латинска верзија на рускиот спелинг на Сухуми [7], главниот град на Абхазија [8] – стана славна личност.

Кириличните LJ корисници – diana-ledi [9], taki-net [10], markgrigorian [11] и многу други известија (руски) дека не се во можност да објават постови и коментари кои го содржат корисничкото име cyxymu.

Неговиот примарен LJ блог [12] и два други дополнителни – cyxymu1 [13] и cyxymu2 [14] -моментално не се достапни (меѓутоа некои од неговите текстови беа преведени од авторот Lyndon на Global Voices во октомври 2007 и јули 2008: Војната во Абхазија – Се сеќава „Cyxymu“ [15] и Абхазија, Грузија: „Дом“ [16])

Cyxymu исто така има блог на Blogger [17], Twitter профил [18], јавна страница на Facebook [19] и Facebook група [20] со повеќе од 750 членови, креирана од некој друг за да ја поддржи неговата кауза.

Евгениј Морозов од блогот Net.Effect напиша [21] (англиски) дека тој „се обидувал да привлече внимание на проблемот со CYXYMU веќе неколку месеци, но немало резултати“. Еве го мислењето на Евгенија за неодамнешните кибер напади:

[…] Накратко, мислам дека моменталниот бран на напади имаат една цел: да се покажат мускулите на кибер напаѓачите со покажување на моќта која ја имаат непријателите на CYXYMU врз најпопуларните страници на интернет. Немој да погрешите: овие напади на Twitter и Facebook НЕ беа да се замолчи тој или да се спречи дистрибуцијата на информација која ќе направи Кремљ да се чувствува непријатно. […]

Ако внимателно го разгледате Twitter профилот на CYXYMU [22] (поголемиот дел на руски), ќе видите дека скоро да нема информација од било какво политичко значење. Тој има профил од декември 2008, има 41 порака и повеќето од нив немаат никаква врска со политика (еве неколку типични пораки: „Супер е летото!“, „Животот е одличен! Ги рециклирам сите шеги за мајки“, „Ах тие бирократи“).

Ова дефинитивно не е нешто што би претставувала закана за Кремљ. […] Неговиот блог е исто така некој вид на портал за вести: тој направи одлична работа во известувањето на неговите читатели за она што се случува во Абхазија и Грузија, двата региона кои не се баш во центарот на вниманието на медиумите (дури и во Русија). Тој дефинитивно НЕ е блогерската верзија на Ана Политковкаја; повеќе неговите ставови и видливост – отколку неговите откритија – го направија важна цел.

Мислам дека вистинската цел на напаѓачите беше понижување, а не цензура (меѓутоа, повеќе за делото за цензура кон самиот крај). Дополнителна цел беше да се создаде страхопочитувачки наслови за кибер моќта на Русија насекаде низ интернетот; овие денови не постои подобар начин за тоа од да се направи Twitter недостапен на неколку часови […]

Остап Кармоди напиша [23] (руски, линк од LJ корисникот drugoi [24]) дека „напаѓачите“ најверојатно ќе размислеле двапати пред да го направат она што го направија ако биле во можност да ги предвидат последиците од нивните напади:

[…] Резултатот од вчерашните напади е дека cyxymu, непочитуван од многу хакери, стана познат за целиот свет. Шпанскиот El Pais напиша за него и францускиот Liberation и германскиот Spiegel и британскиот Guardian и американскиот Washington Post и јапонскиот Yomiuri [25]. Накратко, сите главни весници во светот. Некои од нив дури направија и кратки интервјуа со cyxymu. Од сега, ако повторни се појави конфликт помеѓу Русија и Грузија, светските медиуми ќе знаат со кого да разговараат.

Од сега, мислењето на cyxymu за руската политика ќе биде интересна за целиот свет – мислењето на човекот кој предизвика рушење на милиони профили е секогаш интересно.

Пред неколку денови cyxymu беше познат на не повеќе од десет илјади луѓе. Денес тој е познат на – колку е публиката на светските медиуми? 500 милиони? милијарди? И повеќето од овие луѓе сочувствуваат со него – луѓето имаат обичај да сочувствуваат со жртви на масовно прогонување. […]

Еве една од теориите на Евгениј Морозов за кој би можел да биде позади нападот:

[…] Аматеризмот во кибер-војните беше една заедничка особина во скоро сите досегашни кибер-напади кои некако ја вклучуваа Русија; можеби беа дел од поширок обид Кремљ да ги здружи своите напаѓачи и бранители во група од националистички одмаздници, не само во кибер-просторот. Неодамнешните вести сугерираат дека Наши, младиот огранок на Кремљ, наскоро ќе регрутира до 10 000 проблематични тинејџери за да формира вооружени милициски единици кои ќе патролираат низ улиците. Има смисла доколку тие вложиле и во „ кибер-одмаздници“ кои ќе патролираат низ кибер-просторот, особено со се поголемата важност на интернетот во рускиот живот. […]

LJ корисникот dolboeb исто така чувствува дека „неодамнешната иницијатива да се создадат улични „милициски единици“ во Русија“ и идејата да се нападне блогот на cyxymu може да произлегле од ист извор. Тој напиша [26] (руски):

[…] Навистина, зошто режимот би се мачел самиот, обидувајќи се да состави некои општи закони против интернетот, како наивните Казахстанци и старомодните Кинезите што направија, кога група од патриотски настроени насилници е на располагање, подготвени да уништат било кој сервис или ресурс [веднаш откако ќе им се нареди, па дури и без да им се нареди]. […]

LJ корисникот drugoi прикажа малку поразлична насока во овој многу краток и саркастичен пост [27] (руски):

Барање

Другар [офицер], напишав пост за Битлси. Ќе ми дозволиш ли да го објавам? Нема ниеден збор за Грузија во него. Дали ќе го исклучиш твојот хурди гурди (hurdy-gurdy) на пет минути?

(Постот за Битлси (руски) е тука [28] и одава почит на 40 годишнината од познатата фотографија Abbey Road [29].)