- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Србија: Првите реакции по ослободувањето на Шандор Кепиро

Категории: Источна и Централна Европа, Србија, Унгарија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Закон, Историја, Човекови права

Во понеделникот, 18 јули 2011 година, судот во Будимпешта го ослободи 97-годишниот Шандор Кепиро [1], полициски капетан од Втората светска војна кој служеше во окупирана Србија и до неодамна беше „најбараниот Нацист [2]“. Тој беше обвинет за воени злосторства против Србите, Евреите и Ромите за време на нападот на Нови Сад- масакар [3] сторен од Унгарците во јануари 1942 година.

Српската телевизија Б92 објави статија во врска со овој настан. Во статијата се вели [4]:

Според обвинението, тој учествуваше во кривичното дело кои се случи во Нови Сад и околните места. Најмалку 1 200 Срби, Евреи и Роми беа фрлени во реката во периодот 21 јануари до 23 јануари 1942 година.
На крајот на војната, Кепиро беше осуден на 10 до 14 години затвор за овие кривични дела, но тој ја избегна затворската казна бегајќи во Австрија, а потоа во летото 1948 години и Аргентина.

Во Унгарија се врати во 1996 година за да го помине остатокот од животот во својата мајчина земја.

Monument to the victims of the 1942 Novi Sad massacre. Image by Zoran Jevtovic.

Споменик за жртвите од масакрот во Нови Сад во 1942 година. Слика од Зоран Јевтовиќ.

Не само членовите на семејствата на жртвите, но и целото српско општество е шокирано од веста. Судската одлука предизвика многу реакции и во масовните и во социјалните медиуми.

Бруно Векариќ, српскиот заменик обвинител за воени злосторства, неколку пати изјави [4] за ТАНЈУГ новинарската агенција:

Ова е пресуда од прв степен и не можеме да ја коментираме. Секако ние не сме среќни со ова и очекуваме дека унгарскиот обвинител ќе ја обжали одлуката.

Тој додаде дека е важно да им се овозможи правда на жртвите.

Ефраи, Зуроф, директор на Симон Визентал Центар, изјави [5] [српски] за Радио Слободна Европа:

Очекував дека ќе биде казнет од судот… единственото прашање беше: дали и како ќе биде казнет. Тоа е она што го очекував и мислев дека и оние што го поддржуваа него го очекуваа истото. Ослободувањето беше шокирачки! Тоа е пародија со правдата и ужасен резултат што ќе остави дамка врз унгарските судови. Без сомнение, пресудата е навреда за жртвите од нападот

Иван Ивањи, еврејски романсиер кој изгуби голем дел од фамилијата за време на Втората светска војна и кој лично го преживеа Холокаустот, изјави [5] [српски]:

…Тој ќе умре во затвор, во болница или како слободен човек… можеби ве изненадувам, но воопшто не ми е грижа за него. Патот по кој што чекори нашиот сосед, Унгарија, членка на Европската Унија, е уште посериозен проблем.

Ана Френкел, член на еврејската заедница на Нови Сад, опиша на кој начин Кепиро го изврши кривичното дело. Таа изјави [5] за истиот медиумски извор:

Тој беше организаторот и одеше од куќа во куќа со своите единици, каде што лично убиваше и го уништуваше населението… но, за жал, не постои жив сведок кој ќе може да го препознае Шандор Кепиро од тој период. Имавме еден сведок, но за жал тој умре.

Блогерот Велимир Младеновиќ на својот блог Б92 цитираше [6] [српски] одредени делови од книгата на Александар Вељиќ, човек кој го истражуваше грозоморниот масакр во Нови Сад и објави нови и несоборливи докази, како што се официјални документи од архивите, слики и листи со имињата на жртвите, нивните домашни адреси итн. Ова нè носи до фактот дека Шандор Кепиро учествувал во кривичното дело и го извршил кривичното дело.

Подолу се наоѓаат некои коментари за објавата на Младеновиќ.

Сесили вели:

[…] Само што слушнав на вестите дека луѓето во судницата аплаудирале кога беше соопштена ослободителната пресуда. А мене ми смрзнуваше крвта во овој топол летен ден читајќи ја листата со луѓето кои се убиени…

краљмајмуна праша:

Дали се знае зошто е формално ослободен? […]

јагаја му одговори на краљмајмуна:

[…] За време на судењето, најмногу приговори се отворија за објективноста и „квалитетот“ на експертските сведоци доставени од страна на обвинителството, како и недостатокот од докази кои би укажале на индивидуална вина на сторителот, несоодветни преводи и изгубена документација во поглед на првичната пресуда изјавена за Кепиро во Унгарија и според нив тој е казнет [од 10 до 14 години] за кривичните дела.

апачероузпикок вели:

[…] Значи тој беше осуден, избега и [потоа] се врати [во Унгарија] пред 15 години и?

Доколку казната за некој е во сила, а потоа тој ја избегнал затворската казна со бегањето од [државата], зошто не е уапсен кога се вратил?

Бидејќи Србија им припаѓа на видот „безрбетници“ се надевам дека Израел ќе протестира.

Сликичката ја покажува спомен-плочата од нападот на Нови Сад во 1942 година, каде 1 300 Евреи, Роми и други малцинства беа удавени во Дунав од унгарската полиција. Сликата е од корисникот на Фликр, iLikeSpoons [7] (Криејтив Комонс Наведи извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови 2.0).