Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Индонезија: Министерот го оживува планот за контрола на социјалните медиуми

Тифатул Сембиринг, контроверзниот индонезиски министер за информатички технологии и комуникации рече дека социјалните медиуми како Твитер и Фејсбук мора да бида строго контролирани бидејќи можат да се користат за да ја дестабилизираат владата. Тој додаде дека држави како Тунис и Либија страдаа од немири бидејќи нивните влади не успеаа да ги контролираат социјалните медиуми.

Индонезија е една од најголемите и најактивните Твитер и Фејсбук заедници во светот.

Tifatul Sembiring. Image by Flickr user Ikhlasul Amal (CC BY-NC 2.0).

Тифатул Сембиринг. Слика од Фликр корисникот, Икласул Амал (Криејтив Комонс Наведи извор-Некомерцијално 2.0).

Доблесниот блогер, познат како Триспотер (Treespotter), реагираше преку Твитер.

@treespotter: Dear Pak @tifsembiring, pergolakan dari Tunisia sampai Malaysia karena Pejabat gagal mengelola Negara – bukan gagal mengelola Twitter.

@treespotter: Почитуван Господне @tifsembiring, немирите во Тунис и Малезија беа предизвикани од високи функционери кои не успеаа да ја управуваат државата, а не кои не успеаа да не го управуваат Твитер.

@Tifsembiring: @treespotter nangkapnya agak keliru trees, jadi sy bilang socmed bisa mempengaruhi politik, ekonomi bahkan struktur sosial. Kita hrs amati

Погрешно си ја разбрал ситуацијата. Реков дека социјалните медиуми можат да влијаат на политиката, економијата, дури и општествените структури. Треба само да набљудуваме.

@treespotter @tifsembiring saya setuju betul bahwa Pemerintah penting mengamati, belajar sama sama, sebagai aset Indonesia. Bukan ancaman kekuasaan.

@treespotter @tifsembiring Се согласувам дека владата треба будно да набљудува, да учи заедно, како и другите од Индонезија, а не како закана за власта.

По неговото критикување во медиумите, Тифатул даде изјава преку неговото омилено средство за комуникација, Твитер и се пожали дека новинарите погрешно го цитирале. Подоцна, тој исто така напиша кратко појаснување на неговата Фејсбук страница, каде што вели дека неговата изјава за контролата на социјалните медиуми пред наставниците од државните основни училишта е само нагласување за набљудување на децата од возрасните за искуствата со интернет пребарувачите, за користење на соодветен јазик и непребарување на порнографија.

Блогерот Ross1948 кој блогира на Росрајтенгл (Rossrightangle) рече:

[…]
но, иако понекогаш неговите изјави изгледаат заостанато, тој не е морон. Тој смета дека активен и неограничен интернет, рај за блогерите би бил како трн во око за Шарија-фанатичната држава (Шарија- кодекс на однесување според Исламот). А, вие читатели останете сигурни дека Шарија-фанатична држава е она што Тифатул и ПКС (Просперитетна партија за правда во Индонезија) сакаат да го видат во Индонезија.

Природно е да неговата потреба да ги окова медиумите, каде се вклучени и блогови како нашите, истовремено да предизвика спротиставување и потсмев. Detik.com го цитира Џипта Лесмана, експерт за политичка комуникација, кој ги опишува зборовите на Тифатул како: „бесмислено е да се мисли дека социјалните медиуми можат да се контролираат. Ова е можеби поглед на Тифану или на претседателот. Доколку станува збор за второто,  СБЈ (Сусило Бамбанг Јудојоно) не треба да се плаши. Доколку се плаши, нешто не е во ред со владата“.

Тифатул Семберинг е поранешен лидер на Просперитетната партија за правда (ПКС), исламистичка партија често критикувана за нејзината конзервативна агенда. Во минатото, ПКС организираше мирни протести за поддршка на воспоставувањето на палестинската држава и протести против Соединетите Американски Држави и нивните сојузници.

Тој е исто така познат по тоа што се залагаше и го штитеше контроверзниот Сајберло предлог-закон што кривично ја гонеше Прита Муласари, уредувач на домови која беше гонета за клевета бидејќи напишала и објавила електронска жалба против еден меѓународен ланец на болници.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.