- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Хаити: Раселените жени и девојки жртви на полово насилство

Категории: Кариби, Хаити, Бегалци, Граѓански медиуми, Жени и род, Катастрофи, Развој, Хуманитарен одговор

По разорниот земјотрес на Хаити, жените и девојките сè уште се соочуваат со полово насилство. Некои од нив не само што се силувани туку се соочуваат со отсуство на правен систем и помалку од соодветна медицинска нега.

Tent City in Haiti by Edyta Materka [1]

Град-шатор [1] од Едита Матерка [2] под лиценцата на Криејтив Комонс. [3]

На блогот Ms. Magazine Blog, Џина Јулуси напиша Силувањето е дел од секојдневието на жените во камповите за помош на Хаити [4]каде што таа ги посочува Институтот за правда и демократија на Хаити (IJDH [5]) и Извештајот за силувањата [6]на внатрешно раселените лица (IDP) на Мадре [7] како извори на застрашувачки статистички податоци за половото насилство.

Многу жени и девојки ја имаат изгубено својата заштитна мрежа како што се татковците, браќата и сопрузите или момчињата, кои биле во можност да ги заштитат. И да се биде во тесните квартови на кампот навистина ја намалува нивната приватност, многумина мораат јавно да се тушираат и да спијат до непознати или на места на кои можат да бидат нападнати. И кога нападот ќе се случи, многу од тие настани се и групно силување, тие мораат да се соочат и со други препреки: најчесто нема начин да добијат соодветна медицинска помош од жените практиканти, а пак правниот систем скоро и да не постои оставајќи ги самите да се соочуваат со корупцијата во полицијата и повторно да станат жртви на авторитетите како последица на стигмата поради нападот и поради фактот што нивните напаѓачи се уште се на слобода. Јулсе пишува:

Пристапот на жените кон правдата бил и полош. Жените кои пријавуваа силување – и веќе се бореа со стигматизацијата и психолошките ефекти од сексуалниот напад – често беа замолчувани или игнорирани од полицијата. На одредени инстанции овие жени мораа да се соочат и со корупцијата во полицијата. А, многу случаи пак и не се спроведени од Хаитскиот правен систем. Преживеаните остануваат ранливи бидејќи продолжуваат да живеат во истите области на кампот во кои биле нападнати и нивните силувачи остануваат на слобода. Неколку жени пријавиле дека од земјотресот до сега биле силувани во неколку наврати.

IJDH, Партнери во здравјето и Програма за застапување нови медиуми пред неколку месеци поставија видео со сведоштва на жртвите [8]. Снимател е Сенди Берковиц и уредник Хариет Хиршорн.

Иако жените се борат да се вратат во нормала, малку веројатно е дека нивната ситуација ќе се подобри бидејќи изгледа дека привремените кампови се претвораат во постојани живеалишта. Во јануари C [9]ARE USA го интервјуираше др. Френк Џиниус [10]кој ја координира здравствената програмата на CARE на Хаити и го запраша за причините зошто постои голем ризик од силување во овие кампови. Тој ги спомна следните карактеристики кои ги прават камповите плодна почва за нападите: недостатокот на електрична струја која прави навечер камповите да се тотално во мрак, лошо организираните кампови и несегрегираните објекти за капење што ќе овозможи посебни објекти за мажи и за жени.

Џенет Мејерс, советник за половите од CARE исто така дава свое мислење за тоа како камповите треба да бидат поставени за да жените бидат посигурни после земјотресот [11], посочувајќи ги некои од основните точки од минатиот февруари. Се прашувам колку од овие работи остануваат неразрешени и како што овие кампови преминуваат во трајни живеалишта тие ќе отворат пат за многу нови напади.