Мароко: Развивање на Моливуд

Мароко веќе долго време е мека за странските филмаџии. Легендарни филмови како Последното Христово Искушение и Лоренс од Арабија, како и поскорешни филмови како Апсење и Падна Црниот Сокол го користат Мароко како позадина. Други филмови, како Бабел, користат повеќе од земјописот на Мароко и се фокусираат и на културата и луѓето. Растечката филмска индустрија на Мароко исто така продуцираше меѓународни филмски хитови во последниве неколку години: филмот на Набил Ајух Принцот на улицата предизвика внимание во странство и беше споредуван со неспоредливиот бразилски филм Божји Град, додека филмот од 2006 МаРок беше забележан заради режисерката Лајла Маракчи.

Филмската индустрија на Мароко е присутна и во блогосферата. Мароканскиот блогер кој живее во Европа Маракеш Занте Пат сподели со нас дел од мароканската филмска историја:

Во истражувањето открив дека овде филмови се прават уште од 1897 година??? (Мароканскиот Витез од францускиот режисер Луис Лумиер). Втор филм немало во наредните 20 години, но потоа секоја година се правел барем по еден филм од француски, шпански и германски режисери кои патувале во Мароко за да продуцираат филмови со егзотичен призвук.

Блогерот завршува со предлог филмската индустрија во Мароко да добие соодветно име:

Но во што е привлечноста на Мароко….. Дали разноликоста на природата, фактот дека имаме планини, пустини, крајбрежје, фантастична историска архитектура или прекрасно осветлување и сончева клима е тоа што ги привлекува овие филмаџии и актери тука. Треба ли да почнеме да го користиме името МолиВуд? Дали стануваме новиот магичен град во северна Африка?

Мароканската блогосфера дури има и свој блогер кој пишува за кинематографија, Алал Ел Алауи, кој пишува на кино и филмови. Во еден неодамнешен пост, блогерот прави профил на филмскиот фестивал Мекнес-Тафилалет:

Иако фестивалот Мекнес-Тафилалет 2008, предводен од Хасан Сурид, Валијата од Мекнес, нема техничка позадина како уметнички директори и технички координатори кои би го поткрепиле фестивалот, има нешто неверојатно убаво и симболично во врска со овој уметнички настан, особено уметниците кои ги покажуваат своите таленти врз затворот Кара, кој се вика и Кобат Асуфара, што е нешто легендарно за отвореноста на Мароко, вели Лејла Ел Бај, претседател на асоцијацијата Мекнес.

Филмската индустрија во Мароко не покажува знаци на подзастанување. Поглед од Фез неодамна извести дека е почната продукцијата на Принцот од Персија во Оукаимеден, најдобро познат како најголемото скијачко одморалиште во Мароко (а можеби и Африка).

Исландскиот актер Гисли Орн Гардарсон е моментално во Мароко за да игра една од главните улоги во новиот филм на Џери Брукхајмер, Принцот од Персија: Песоци на Времето. Снимањето започна вчера. Филмот е базиран на видео игра, која следи  еден принц-авантурист кој се здружува со ривалската принцеза  за да го запре лутиот владетел кој сака да создаде песочна бура која ќе го уништи светот.  Актерот треба да го посети Фез за време на паузите од снимањето.

Следниот пат кога ќе бидете в кино, внимавајте дали ќе го забележите Мароко во позадината!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.