Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Сирија: Блогерите се организираат за Анас Марави

Анас Марави е последен случај на затворање на сириски блогер. Тој е притворен во петокот, 1 јули 2011 година, во неговото соседство во Кафарсузех, Дамаск и оттогаш за него се нема слушнато ништо.

Анас е многу познат блогер во Сирија, но и пошироко. Освен неговиот личен блог, Анас Онлајн, тој раководи и други блогови за технологија и проекти, од кои најзначаен е Ардроид, кој беше првиот блог на арапски јазик кој се фокусира на Гугл оперативниот систем Андроид.


Неговото апсење предизвика кампања за негово ослободување. Се креираше блог за него, како и Фејсбук странica и Твитер ознаки за неговото име, #FreeAnas. Многу арапски блогови за технологија учествуваа во кампањата, започнувајќи од неговиот блог, Ардроид [арапски]:

ربما تساءل بعضكم عن سر غياب صديقنا أنس معراوي الذي اعتدنا على مقالاته اليومية المتميزة على صفحات أردرويد.. اعتقل أنس معراوي تعسفياً يوم الجمعة 1-7-2011 في كفرسوسة, دمشق. ولا نعلم عنه شيئا حتى الآن.
أنس المعراوي من خيرة الشباب السوريين وهو مدون ومطور ويب ومهتم بالبرمجيات مفتوحة المصدر ومؤسس موقع أردرويد.

Можеби се прашувате за исчезнувањето на нашиот пријател Анас Марави, од кого се научивме да ги следиме специјалните дневни статии на неговиот блог. Анас беше притворен во петокот на 1 јули 2011 година, во Кафарсузех, Дамаск и оттогаш немаме никаква информација за него.

Анас Марави претставува една од светлите точки на сириската млада генерација. Тој е блогер, креатор на веб-страници, ентузијаст и секогаш подготвен да сподели информации. Тој е, исто така, основач на Ардроид.

Кампањата исто така сподели видео запис за Анас:

Тек-Ворлд, друг арапски блог за технологија, пишуваше за апсењето на Анас [арапски]:

تعرفت على أنس المعراوي من خلال مدونة اردويد الرائعة والمتخصصه في مجال نظام الاندرويد ولقد حصل لي شرف لقائه في مؤتمر عرب نت الماضي وكان ولايزال من خيره شباب سوريا ، ولقد سأني خبر اعتقال الزميل أنس في سوريا منذ اسبوع تقريبا ، وكما عرفت أنس عن قرب كان بعيدا عن السياسة فأنس كان يكتب في أغلب تدويناته في مدونته الشخصية عن التقنية ومواضيع عامة ولا يكتب عن الامور السياسية الا الاشياء البسيطة لذلك اتمنى ان تقوم السلطات السورية بإطلاق سراح أنس فمثل أنس يستحق ان تفتخر سوريا به ولا تقوم بإيقافه
Првпат се запознав со Анас Марави преку неговиот блог посветен на Андроид, Ардроид. Ја имав честа да го запознаам и на последната Арабенет конференција. Тој беше и сè уште е еден од најдобрите Сиријци. Бев премногу огорчен за неговото апсење пред една недела. Отсекогаш знаев дека тој се држи настрана од полицијата и поголем дел од неговите написи на неговиот блог се однесуваа за технологијата и општите идеи, а само неколку едноставни работи за политиката. Се надевам дека сириските власти наскоро ќе го ослободат Анас. Треба да се бидеме горди на луѓето како него, а не да ги затвораме.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.