- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Шпанија: Стотици луѓе протестираат против режимот во Сирија

Категории: Западна Европа, Шпанија, Владеење, Граѓански медиуми, Политика, Протест, Човекови права

Овој напис е дел од специјалното покривање на Протестите во Сирија 2011 година [1].

Минатата недела стотици луѓе во Мадрид, Шпанија протестираа како поддршка на луѓето од Сирија. Автобуси беа изнајмени за да се донесат луѓе од другите шпански градови, како што се Валенсија и Гранада. Тие бараа бркање на сирискиот амбасадор во Шпанија и наметнување на санкции од шпанската влада врз Сирија за време на најголемата операција против сириските активисти во последните неколку децении [1].

Протестите започнаа на главниот плоштад во Мадрид, Пуерта дел Сол, а потоа во утринските часови продолжија кон шпанското министерство за надворешни работи и завршија пред амбасадата на Сирија.

[2]

Протести во Мадрид, Шпанија како подршка за луѓето од Сирија. Слика на Сара Дијаз Гомез.

Протестантите пееја на шпански, со пораки како што се: „Сирија кравари, а светот си гледа“, „Каде си Тринидад (Министер за надворешни работи) кога Сиријци се убиваат без милост?“, како и на арапски, од членови на сириската заедница: „Луѓето сакаат да го соборат режимот“ и „Еден и единствен. Луѓето од Сирија се едно“.

Медиумите им посветија многу внимание на протестите и тие беа споделени на многу интернет страници. Демкрација Реал Ја, групата што ги организираше протестите на 15 мај, а потоа се трансформираше во кампови надвор од државата [3], сподели информации на нивната Фејсбук страница [4] [шпански]. Објавата има повеќе од илјада коментари и реакции.

[5]

Протести во Мадрид, Шпанија како поддршка за луѓето од Сирија. Слика на Сара Дијаз Гомез.

[6]

Протести во Мадрид, Шпанија како поддршка за луѓето од Сирија. Слика на Сара Дијаз Гомез.

[7]

Протести во Мадрид, Шпанија како поддршка за луѓето од Сирија. Слика на Сара Дијаз Гомез.

Буката што се крена на Твитер беше најмногу во врска со хештагот #spainwithsyria, кој што беше еден од најчитаните теми во Мадрид, Барселона и другите шпански градови во периодот од 25 јуни до 26 јуни:

@TrendsMadrid [8]: ‘campeooooneeeesss’, ‘venezuela’ y #spainwithsyria [9] es ahora una tendencia en #Madrid [10] http://trendsmap.com/es/madrid [11]

@TrendsMadrid [8]: „шампиониииииииииииии“, „венецуела“ и #spainwithsyria [9] сега најмногу се читаат во #Мадрид http://trendsmap.com/es/madrid [11]


Овој напис е дел од специјалното покривање на Протестите во Сирија 2011 година [1].