Шпанија: Стотици луѓе протестираат против режимот во Сирија

Овој напис е дел од специјалното покривање на Протестите во Сирија 2011 година.

Минатата недела стотици луѓе во Мадрид, Шпанија протестираа како поддршка на луѓето од Сирија. Автобуси беа изнајмени за да се донесат луѓе од другите шпански градови, како што се Валенсија и Гранада. Тие бараа бркање на сирискиот амбасадор во Шпанија и наметнување на санкции од шпанската влада врз Сирија за време на најголемата операција против сириските активисти во последните неколку децении.

Протестите започнаа на главниот плоштад во Мадрид, Пуерта дел Сол, а потоа во утринските часови продолжија кон шпанското министерство за надворешни работи и завршија пред амбасадата на Сирија.

Протести во Мадрид, Шпанија како подршка за луѓето од Сирија. Слика на Сара Дијаз Гомез.

Протестантите пееја на шпански, со пораки како што се: „Сирија кравари, а светот си гледа“, „Каде си Тринидад (Министер за надворешни работи) кога Сиријци се убиваат без милост?“, како и на арапски, од членови на сириската заедница: „Луѓето сакаат да го соборат режимот“ и „Еден и единствен. Луѓето од Сирија се едно“.

Медиумите им посветија многу внимание на протестите и тие беа споделени на многу интернет страници. Демкрација Реал Ја, групата што ги организираше протестите на 15 мај, а потоа се трансформираше во кампови надвор од државата, сподели информации на нивната Фејсбук страница [шпански]. Објавата има повеќе од илјада коментари и реакции.

Протести во Мадрид, Шпанија како поддршка за луѓето од Сирија. Слика на Сара Дијаз Гомез.

Протести во Мадрид, Шпанија како поддршка за луѓето од Сирија. Слика на Сара Дијаз Гомез.

Протести во Мадрид, Шпанија како поддршка за луѓето од Сирија. Слика на Сара Дијаз Гомез.

Буката што се крена на Твитер беше најмногу во врска со хештагот #spainwithsyria, кој што беше еден од најчитаните теми во Мадрид, Барселона и другите шпански градови во периодот од 25 јуни до 26 јуни:

@TrendsMadrid: ‘campeooooneeeesss’, ‘venezuela’ y #spainwithsyria es ahora una tendencia en #Madrid http://trendsmap.com/es/madrid

@TrendsMadrid: „шампиониииииииииииии“, „венецуела“ и #spainwithsyria сега најмногу се читаат во #Мадрид http://trendsmap.com/es/madrid


Овој напис е дел од специјалното покривање на Протестите во Сирија 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.