- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сирија: Револуцијата и економијата

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Сирија, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Политика, Протест

Овој напис е дел од специјалното покривање на Протестите во Сирија 2011 година [1].

Во петок на 24 јуни 2011 година, Сирија одбележа 100 дена [2] од почетокот на протестите во државата. Петочните протести речиси станаа ритуал.

Но, постои и друга страна од приказната. Економијата во државата е замрзната веќе сто дена. Трговијата се парализира и претстојната туристичка сезона не изгледа добро. Освен тоа, илјадници исплашени Сиријци ги менуваат своите заштеди од сириска фунта во американски долар или евро, ставајќи ја сириската фунта под голем притисок.

Syrian pounds. Image by Flickr user shellfish (CC BY-NC-ND 2.0). [3]

Сириска фунта. Слика од Фликр корисник школка (Криејтив Комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.0).

Всушност за време од 48 часа во април, сириската фунта изгуби 10 проценти од нејзината вредност, предизвикувајќи страв за неизбежен крах.

Закана од крах?

Централната банка на Сирија досега е успешна во одржувањето на валутата и избегнување на девалвација. Но, со новите мерки, најавени од претседателот во неговиот прв говор во март за зголемување на платите и зголемување на државните субвенции за нафта, а без позначаен приход, многумина размислуваат за можноста за банкротирање на државата.

Многумина од опозицијата напорно работат кон остварувањето на оваа цел. Нивниот аргумент е дека економски крах ќе му нанесе фателен удар на режимот и ќе ги натера сите да се свртат против него. Други, пак, се многу скептични за тоа сценарио. Сирискиот блогер, нафсајленс, смета дека [4]:

Искрено, не сум сигурен како економски колапс ќе помогне на кој било начин. Доколку режимот е доволно силен да ги преживее протестите, тогаш може да преброди и друга криза. Пад на режимот не е сигурен резултат од пропаѓањето и колапсот на пазарот. Не треба да заборавиме дека Мугабе и Садам го надминаа тоа и многу повеќе. Особено Мугабе виде дека економијата во неговата држава не може да се поправи и сепак, не му нанесе многу штета на неговото владеење.

Сириски економист и чест гостин како блогер на професорот Џошуа Ландис за Сирија комент од Есани, се обиде да ги одговори овие прашања [5] за иднината на сириската економија:

Дали рушењето на економијата и банкротирањето на државата е реална опасност?
А за лира. Дали постои начин за манипулирање на валута надвор од државата? Дали е технички возможно да се стави под притисок лира, од надворешните влади?

За главните економски предизвици, тој вели:

Економските предизвици на Сирија се двојни:

  • Прекумерни владини трошења за субвенции и постојано стутканиот јавен сектор со малку даночни приходи за спротивставување на субвенциите. Овој буџетски дефицит е голем предизвик.
  • Потпросечниот економски раст и со тоа создавањето на работни места. Домашната куповна моќ е премногу слаба да поддржи економски раст од 7-8%, која е потребната стапка за создавање доволно работни места за сите оние што стануваат работоспособни. Владата е шворц за да може да троши и инвестира. Според тоа, остануваат инвестициите и извозот. Кога станува збор за инфраструктурата, човечките ресурси и капиталот, Сирија премногу заостанува што е речиси невозможно да се надополни и да се натпреварува во светската економија, кога се во прашање извозот на нејзините производи и услуги. Според тоа остануваат инвестициите. Политичкото минато речиси ги запре странските инвестиции. Ќе помине одредено време додека се промени ова. Домашните инвеститори треба да видат значајни реформи пред да одлучат да преземат ризик со долгорочни инвестиции. Кога станува збор за законодавството и понудата на стимулации и сечењето на црвени ленти за инвеститорите, владата се однесува многу лошо.
  • Некои од оние што коментираа имаа пооптимистички погледи за кризата. Ваи Дискас во својата реплика за Есани, вели:

    Сега е најдобро време да се купи сириска фунта! Има каматна стапка од 9% во банката, додека пак еврото се троши.
    Само разамислувам
    Спротивно од западните држави, Сирија никогаш не живеела во долгови. Со исклучок на неколкуте западни Сиријци. Обично, Сиријците се скромни и не живеат во магичниот круг на прекумерната потрошувачка.
    Наредните години во Сирија нема да бидат полоши од оние во Грција, Шпанија и Португалија, зарем не мислиш така?

    Овој напис е дел од специјалното покривање на Протестите во Сирија 2011 година [1].