- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Бахреин: Режимот и опозицијата започнаа национален дијалог

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Бахреин, Владеење, Граѓански медиуми, Политика, Протест, Слобода на говор

Овој напис е дел од специјалното покривање на Протестите во Бахреин 2011 година [1].

Од почетокот на протестите во Бахреин на 14 февруари 2011 година [2], идејата за започнување на дијалог меѓу опозицијата и режимот постојано беше дискутирана. Голем број на луѓе одбија каква било дебата, сметајќи ја како бескорисна и несоодветна да им послужи за нивните намери и барања.

Во сабота 2 јули, долгоочекуваниот дијалог конечно започна со учество на секуларната група Ваад (Waad) и групата Вефак Шиит (Wefaq Shia), иако дел од членовите на нивната група се во притвор и очекуваат судење.

Реакции на социјалните медиуми

Кога станува збор за дискусиите, Твитер корисниците од Бахреин главно го насочуваат своето внимание кон луѓето кои се задолжени за дебатата, начинот на кој се однесуваат со опозицијата во рамките на дијалогот и нивните реакции, како и кон 400 лица притворени од 14 февруари (некои беа пуштени неодамна) и покрај тоа што оние демонстранти кои беа отпуштени не беа повторно вработени.

Познатиот Твитер корисник од Бахреин Абу Сабер (@Moawen [3]) пишуваше за оние кои ги изгубија нивните работи:

@Moawen [4]: Додека Бахреин тврди дека започнале национален дијалог, работници сè уште се испрашуваат и отпуштаат од работа

Друг Твитер корисник со корисничко име Обеез (@Ba7rainyaWaft5r [5]) кој ја користи сликата на бахреинскиот крал како свој аватар, ја нападна Вефак Шиит опозициската група, велејќи:

@Ba7rainyaWaft5r [6]: Вефак започна национален дијалог со цел да се повлече од него, а не да бара реформи! Ние сега ги знаеме сите нивни игри.

Онлајн Бахреин (@ONLINEBAHRAIN [7]), Твитер корисник за бахреинските вести, исто така критички пишуваше за Вефак велејќи:

@ONLINEBAHRAIN [8]: Некој треба да им каже на Вефак да престанат да го критикуваат дијалогот во медиумите бидејќи колку повеќе го прават тоа, толку посмешни изгледаат со нивното учество.

Од друга страна, самите Вефак (Wefaqsociety [9]) [арапски] ги напишаа своите реакции за националниот дијалог на Твитер, цитирајќи го нивниот лидер Али Салман:

الأمين العام الشيخ علي سلمان:اثناء الحوار من حق أن الناس أن تعتصم وتتظاهر، وإن لم ينجح الحوار سنعود للشارع


@Wefaqsociety
: Генералниот секретар, Шеикот Али Салман: за време на дијалогот, луѓето имаат право да присуствуваат и протестираат. Доколку не успее дијалогот, ние ќе се вратиме на улиците.

Активистката Марјам Алкаваја (@maryamalkhawaja [10]), ќерка за притворениот противник, Абдулади ал Каваја, ги предупреди луѓето за расправањето и создавањето на немири во рамките на опозицијата, пишувајќи:

@maryamalkhawaja [11]: Бахреин, ве молам запомнете дека вашето жалење не се со вас, било да сте сунити или шиити, било да сте со националниот дијалог или пак не, туку тоа е со режимот

Сестрата на Марјам, Заинаб (@angryarabiya [12]), објави неколку пораки на Твитер за националниот дијалог и зошто таа не го одобрува. Таткото, сопругот и чичкото на Заинаб се притворени и пред еден месец поради нив таа започна штрајк со глад:

@angryarabiya [13]: Ова не е дијалог, туку кралот сака да направи некакво шоу. Тој дури и не се обидува да го направи да изгледа фер.

Таа додаде:

@angryarabiya [14]: Иднината што ја сакаме за Бахреин значи изведување пред суд на овие измачувачи, а не да имаат значајна улога во дијалогот.

Една Бахреинка која се вика Ом Хајдар (@FREE_BAHRAIN1 [15]) исто така го критикува дијалогот, велејќи:

@FREE_BAHRAIN1 [16]: Наивноста на бахреинската влада да шири атмосфера на национален дијалог и практика на елиминирање на секој противник!

Таа, исто така, напиша:

@FREE_BAHRAIN1 [17]: Националниот дијалог мора да биде придружен од мирна атмосфера од страна на полицијата, а не да ги отпушта сите протестанти во овој период!

Основачот на Ал Васат весникот, Менсур ал Џамри (@MANSOOR_ALJAMRi [18]), кој заедно со други новинари се соочува со обвиненија од владата за фабрикување на вести за време на протестите, во изминатите три дена објавуваше Твитер пораки за дебатата и меѓу другото го забележа следново:

الأجندة التي وزعت على الحوار الوطني ااختفت منها اي إشارة الى موضوع التمييز، ولكن اغفال هذا السرطان يعني موتا بطيئا للجسد البحريني

@MANSOOR_ALJAMRi [19]: Агендата за националниот дијалог која денес беше објавена не се залага за прашањето за дискриминација. Игнорирајќи ја оваа болест, значи бавна смрт за Бахреинецот.

Абу Ахмед (@safybh [20]) се обиде да биде од помош:

@safybh [21]: мора да престанеме да се плашиме, опозицијата се приклучи кон националниот дијалог поради вашата одлучност. Не треба да се плашиме од исходот, бидејќи ние ја имаме моќта да ги смениме работите

Калид Мохамед (@Khalid0901 [22]) е со надеж и веројатно верува во дијалогот, пишувајќи:

@Khalid0901 [23]: бахреинскиот национален дијалог ќе биде процес на лечење, кој ќе овозможи опоравување од непосакуваните инциденти кои се случија во минатото.

Овој напис е дел од специјалното покривање на Протестите во Бахреин 2011 година [1].

Искористената слика од бахреинското знаме е од корисникот на Фликр abcdz2000 [24] (Криејтив Комонс Наведи извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови 2.0).