- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кина: Пекинг не сака маски?

Категории: Популарен напис, Источна Азија, Кина, Животна средина, Меѓународни односи, Политика, Протест, Спорт, Олимписки игри

Во вторникот, четири олимписки атлетичари од САД се појавија на аеродромот во Пекинг со маски [1] преку нивните усти и носови. Иако тие мислеа дека тоа е само “мерка на претпазливост“ против загадувањето во Кина, ваквото однесување беше многу поинаку интерпретирано од страна на кинеските корисници на интернет.

Американските атлетичари со маски на аеродромот во Пекинг

фотографија од Yahoo.cn

Првото обвинување е дека маските имаа намера да ги засрамат Кинезите како протест со политичка импликација.

Блогерот Гас-рутер се огради против [2] нив

Американските атлетичари конечно ги ставија своите маски за Кина, црните маски, грди како гас маски…Вообразеноста со која ги носеа маските предизвикува гадење кај нас Кинезите……
Не ги омаловажувајте овие мали црни маски. САД планираше да го направи тоа, да ја засрами Кина во присуство на целиот свет, иако самите изјавуваа дека тие само се грижеа за белите дробови на атлетичарите.
Прво, кога САД беше домаќин на олимписките игри во Лос Анџелес, каде загадувањето на воздухот беше многу полошо од ова на Пекинг, тие не направија ништо. Но овој пат, тие не можат да се согласат со состојбата на воздухот во Пекинг.

И понатаму тој ги зема како аргумент луѓето што живеат во Пекинг.

Второ, да не ја споменувам густата населеност во цела Кина, токму во Пекинг живеат многу луѓе и сите живееме добро и во радост ден по ден. Зошто по ѓаволите тие мораа да ги ставаат маските веднаш по пристигањето?

Тој најпосле заклучи дека маската е знак на заштита, изолација. „Зошто ние мора да го поднесуваме тоа?“ се запраша тој.

Споредено со ова продолжено подбивање, некои само коментираа со кратки зборови со лутина: [3]

Е** се! ******

Многумина сметаа дека атлетичарите се неучтиви.

Ател [4] рече:

Тие беа неучтиви со Кина, барем со Пекинг. Тоа е исто како ракување со ставени ракавици, што имплицира дека ти си валкан.

不一定1 во Тианја рече [5]:

Вие сте гости кои доаѓате во домот на домаќинот кој ја средува собата и ви посакува добредојде од се срце. И нели треба да покажете пријателство и добрина во тие моменти? Дури и да има неколку работи што треба да се поправат во куќата, треба ли да се покаже малку разбирање и толеранција?

Според овие интернет корисници, носењето на маска не е ништо друго туку ладно одбивање на пристојноста на Кинезите, однесување „не покажувај им го лицето на Кинезите“, во превод од кинескиот идиом, 不给面子.

И коментарот [3] на 誓佐 посочи уште една причина објаснувајќи зошто тие толку многу им се налутија на атлетичарите:

За Олимписките игри, за чистиот воздух, ние Кинезите скоро треба да ги затнеме задниците за да не испуштиме гас надвор, но Американците едноставно не ви го покажуваат лицето (не покажуваат почит).

Оваа болка е на некој начин оправдана. За да се подготват Олимписките игри со чист воздух, преку 100 фабрики беа затворени и во Пекинг, преку 2 милиони возила [6] беа забранувани дневно, а сето тоа се одрази на индустриското производство и на транспортот. Исто така, строгите безбедносни мерки во многу градови предизвикаа многу непријатности.

Токму затоа некои сметаат дека ова е само церемонија да им се додворуваат на странците, а цената ја плаќаат граѓаните во нивниот секојдневен живот; навраќајќи се на мачната 2008 повеќе или помалку поврзана со Олимписките игри, веројатно тоа добива смисла.

Да се вратиме на насловот, како и да е, има исто така глас од другата страна, не помалку звучен од гореспоменатиот.

露珠湿纱壁 немилосрдно се спротивстави [5] на интернет корисниците коишто ги укорија атлетичарите:

Вие имате право да ги посочите нивните имиња, но тие можат слободно да носат маски. Со премногу испран мозок од страна на КПК (Комунистичката партија на Кина), вие се разбира дека ќе се чувствувате засегнати за својот господар, иако тој не го бара тоа од вас. Каква бедна нација!

На 6ти август, американските атлетичари, под притисок на Олимпискиот комитет на САД кои беа очигледно незадоволно со нивниот избор (според Њујорк Тајмс), се извинија [7]. Четворицата велосипедисти изјавија дека во никој случај немале намера да послужат за еколошка или политичка изјава.

Ова извинување, многу од кинеските корисници на интернет го почувствуваа како победа, додека неколкумина сметаа дека не е искрено. Но во меѓувреме, некои ги жалеа Кинезите.

骑着蚂蚁猎大象 изјави [5]:

Дека луѓето треба да се извинат затоа што носат маски, навистина покажува дека Кина е 5 пати подобра од некое друго место. (Алудира на еден извештај од амбасадата дека состојбата со човековите права во Кина е 5 пати подобра од онаа во САД —- преведувач)
Патем, дали се продаваат маски во Кина? Јас предлагам маските да се забранат утре и да се казнуваат сите кои ќе стават маска.

Да се носат или да не се носат маски, можеби не е прашање за гостите, туку за домаќинот, чувствителниот домаќин.

Како што изјави [5] 龙锋塔:

Каква голема земја е тоа штом има проблем со човек со маска?