„Туркменаторот“: Претседателот на Туркменистан ги покажува своите вештини за ракување со огнено оружје и нож на државна телевизија

Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов. Фото: Јутјуб

Претседателот на Туркменистан е повторно во игра.

Само неколку дена откако Глобал Војсис ги истакна незанемарливите квалитети на Гурбангули Бердимухамедов, пеењето и возењето велосипед додека неговата земја запаѓа во длабока финансиска криза, се појави ново видео од претседателот.

Овој пат, Бердимухамедов е облечен во војничка униформа и покажува колку добро знае да ракува со огнено оружје и да фрла ножеви за време на воени вежби, за што добива аплаузи од неговите генерали.

Овие сцени првпат се појавија на туркменистанска државна телевизија. Во Туркменистан воопшто нема слободни медиуми, но надворешниот независен медиум „Хрониките на Туркменистан“ (Chronicles of Turkmenistan) брзо успеа да ја симне снимката од државната телевизија и да ја измонтира во акционо видео со холивудски примеси:

Видеото веднаш се рашири и го привлече вниманието на светските медиуми, а ги инспирираше и корисниците на социјалните мрежи да споделуваат досетки. Бердимухамедов, кој е само вториот претседател во независната историја на земјата, ги носи официјалните титули како „Лидер на народот“ и „Заштитник“, а сега имајќи го предвид ова видео, корисниците на Фејсбук му доделија уште една: „Туркменаторот“ (изведенка од научно-фантастичниот филм „Терминатор“).

Но, ова резултираше со сериозен DDOS напад врз „Хрониките на Туркменистан“:

Уважаемые читатели,

На сайт “Хроника Туркменистана” (www.chrono-tm.org) идет масштабная DDOS-атака. В связи с этим временами возникают сложности с доступностью сайта.

Вероятно, это своего рода ответная реакция властей Туркменистана на широко разошедшееся по сети видео с президентом Гурбангулы Бердымухамедовым, который продемонстрировал свои высокие навыки стрельбы из огнестрельного оружия и метания ножей.

Драги читатели!

Нашата веб страница (www.chrono-tm.org) е под голем DDOS напад. Затоа тешко се пристапува до неа.

Можеби ова е еден вид реакција на туркменистанските власти кон видеото со претседателот Гурбангули Бердимухамедов во кое тој ги покажува неговите вештини за ракување со огнено оружје и фрлање ножеви, и кое брзо се рашири на социјалните мрежи.

Контекстот во кој се наоѓа земјата не е баш смешен. Туркменистан, порано познат под името „општествен рај“ заради големиот број услуги како бесплатен бензин и бесплатна електрична енергија за сите граѓани, неодамна претрпе финансиска криза и како последица на тоа требаше да престане со обезбедувањето поволности за луѓето. Земјата сега ја споредуваат со Северна Кореја поради тешките забрани на слободите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.