- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Зелени, демократизација и демонот во стареење

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Политика, Протест

Две години откако избувнаа протестите во Иран, интернетот не само што игра витална улога за ширење на информациите, туку и поттикнува внатрешна демократија во работата на опозицијата преку контрола и израмнување на сметки.

Се чини дека најголемиот демон со кој се соочуваат дисидентите во Иран не е филтрирањето, туку стареењето и недостигот на креативност.

Чувствителноста кон онлaјн реакциите

Има бројни примери на лидери од опозицијата кои се предизвикувани и соочувани преку интернет, за да потоа нудат исправки и ревизија на нивните ставови искажани пред јавноста.

Неколку недели пред изборите во Иран во 2009 година, поранешниот реформаторски претседател, Мохамед Катами, повика на  смирување во државата пред публика која ја сочинуваа ветераните од иранско-ирачката војна. Ги повика граѓаните и врховниот водач да си простат, што предизвика силна реакција на интернет, како од пријателите, така и од непријателите.

Непосредно по тоа, беше направена Фејсбук страница [1] со ироничен наслов „Јавно извинување од водачот (Ајатолахот Комеини)“ при што бран критики против изјавата на Катами ја преплавија страницата.

На крај, тој ги исполни барањата за преглед на изјавата дадена по повод изборите во јуни.  Го повлече повикот за смирување, а наместо тоа, го охрабри признавањето на човековите права [2].

Ваквите видови на повлекувања не се необични помеѓу реформистите.

Во јуни 2010 година, на телевизиско интервју [3] за ставовите на Зеленото движење [4] за Израел и Палестина, влијателниот реформистички свештеник, Мохсен Кадивар, наведе дека демонстрантите го поддржуваат режимот на Газа и Либан, изјавувајќи дека демонстрантите извикувале „Газа и Либан!“ и „Ќе го жртвувам мојот живот за Либан!“

Бран на онлајн видеа [5] го променија тоа мислење, со тоа што им покажаа дека демонстрантите всушност го кажале спротивното: „Ниту за Газа ниту заЛибан, јас го жртвувам мојот живот само за Иран!“. Кадивар одговори на тврдењата дека лаже, со тоа што бргу се повлече [6] од својот став, велејќи дека, секако, некои млади извикувале такви слогани, но дека тој не ги одобрува.

„Ниту за Газа, ниту пак за Либан“ се повтори  помеѓу сириските демонстранти, кои извикуваа „Ниту Иран, ниту Хезболах“, на сличен начин.

Демони кои стареат

Горчливата вистина е дека за разлика од 2009 година, кога демонстрантите значително користеа социјални мрежи и граѓански медиуми за време на деновите кога кулминираа протестите, сега, иранските сајбер активисти едноставно ја рециклираат истата виртуелна средина без никкави иновации.

Минатите неколку години, иранските сајбер активисти користеа западни веб-сајтови со ентузијазам и разум, како што се Фејсбук, Јутјуб, Ворд Прес и други средства за блогирање. Тие исто така имаа создадено сопствена платформа, како што е Балатарин [7], која потсетува на Диг и Гоја, која му претходат на блогерајот и се роди во вид на жолт печат, проширувајќи се во собирање на вести и политички дискусии.

Што од она што го измисливме или успешно копиравме од 2009, времето на протестите, кое предизвика светско и медиумско внимание? Ништо.

Јас сметам, не само што нашата интернет интеракција се повторува, но и целото движење ја има изгубено креативноста од своите почетоци на интернет. Ако се погледнат советите од минатите неколку дена е како да се повторува 2009 година: Пишување слогани на банкноти; извикување „Алахо Акбар“ на покриви.

Една од причните за ова може е апсењето на повеќе ирански активисти во текот на минатите две години.

Одлив на мозоци

Друг проблем е тоа што сајбер светот е вид на фрагментирана планета на која ѝ е потребен лепак за да ги спои сајбер активистите и бубалиците повторно заедно. Лепакот може да биде виртуелен или вистински, но мора да се направи од Иранците, за Иранците.

Бајка? Можеби. Но, надежта може да  премине граници. Токму затоа, Зелените се потсетуваат на втората годишнина и покрај болката.