- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мароко: Продолжуваат протестите против реформите

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Мароко, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Младина, Политика, Протест

Овој напис е дел од специјалното покривање на Мароканските протести 2011 [1].

Во петокот, Мароко гласаше на референдум [2] за нацрт-Уставот предложен од кралот Мохамед VI. Официјалните резултатите покажуваат убедлива поддршка за реформите, со повеќе од 98 проценти од гласачите кои се изјасниле во корист на реформите. Демонстрантите за демократија повикуваа на воспоставување на парламентарна монархија со јасна поделба на власта. Со назначувањето на кралот како шеф на државата, судството и војската, предложениот Устав, како што велат демонстрантите, не ги оправда нивните барања и со него се предложуваат ограничени овластувања на премиерот и парламентот.

Движењето за демократија ги оспори резултатите, обвинувајќи на голем број нерегуларности. Блогерите споделуваа видео записи кои наводно укажуваат на прекршување на Изборниот законик за време на изборниот ден.

Блогот 24-Мамфакинч [3] го објави следниов видео запис кој покажува како неидентификувани лица, наводно манипулирале со гласачките кутии по затварањето на изборното место и пред да почнат да се пребројуваат гласовите:

Корисникот на Јутјуб, РеферендумМарок [4], го споделува овој видео запис која покажува на голем број транспаренти поставени пред влезот на гласачкото место, наведувајќи ги луѓето да гласаат во корист на Уставот. Доколку се потврди, ова може да претставува јасно прекршување на Изборниот законик:

Иако референдумот ги потврдува измените на Уставот, илјадници луѓе излегоа на улиците во неделата одбивајќи ги предложените реформи. Имаше, исто така, собири и во неделата кои му ја даваа поддршката на кралот, кој е сè уште популарен.

Овие видео записи, од Танџиер Рабат и Казабланка, соодветно, беа објавени од 24- Мамфакинч [5]:

Демонстрантите велат дека нема да стигнат далеку и ветуваат дека ќе продолжат со притисокот врз режимот се додека, како што тие сметаат, се спроведат вистински реформи.

Овој напис е дел од специјалното покривање на Мароканските протести 2011 [1].