Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Хрватска: Смртта на Динко Сакиќ

За повеќето луѓе надвор од Балканот, името Динко Сакиќ, локацијата Јасеновац и групата под име Усташи не значи многу. Но за Хрватите, овие имиња постојано се враќаат и враќаат повторно и играат улога на национално и меѓународно ниво.

За да се објасни подобро важноста на ова, најдобро е да се започне со Усташите. Ова беше името на ултра-националистичка, фашистичка група која презеде контрола над Хрватска за време на Втората Светска Војна и делуваше како влада-марионета за време на нацистичкиот режим со Анте Павелиќ како претседател на државата. Нивна карактеристика беше да докажат дека тие не беа само исто брутални како нивните нацистички копии, туку всушност дури и уште повеќе.

Усташко знаме

Фотографија на усташко знаме од Википедија

Таков пример беше креирањето на концентрациониот логор во Јасеновац, каде хрватскиот режим порано ги затвораше, малтретираше и убиваше Евреите, Србите, Ромите, партизаните (Хрвати кои се борат против усташкиот режим) и баш секој што тие го сметаа за непријател. Тешко е да се утврди точниот број на затвореници убиени во оваа хрватска верзија на Аушвиц, но официјалната и генерално прифатена бројка е приближно 70,000-85,000 луѓе, но други проценки од минатото прикажуваат бројка која достигнува и до 500,000 (повисоките бројки се дискредитирани како нереални, надувани). Командант на логорот беше човек со име Динко Сакиќ, кој успеа да пребега од Европа и да се крие во Аргентина кога падна усташкиот режим во 1945.

Марко од блогот Грејтер Сурбишн го сумираше наследството на Усташите:

Историјата на Усташкото движење, со други зборови, беше крајно срамна – не само од морална, туку и од патриотска хрватска перспектива. Како и да е, по паѓањето на Комунистичкиот режим во Хрватска во 1990, имаше Хрвати кои се обидуваа да го овековечат срамот со нивни гласни изјави поддржувајќи го наследството на бившиот усташки режим.

Dinko Šakić and Nada LuburićДинко Сакиќ во униформа во јасеновац (Фотографија од Википедија)

Во 1998, Сакиќ беше пронајден во Аргентина и кратко по екстрадирањето во Хрватска беше под истрага за неговиот термин како командант во затворот Јасеновац. Тој беше осуден на 20 години затвор, што на крајот излезе дека отслужи само половина од тоа затоа што тој неодамна почина, на 20ти јули, 2008. Неговата смрт беше небитен настан земајќи во предвид дека тој имаше 86 години, но неговиот закоп предизвика голема контроверзија во Хрватска и кај Евреите особено, кои тој сакаше да ги истреби упатувајќи ги во Јасеновац.

Неговиот закоп изискуваше тој да биде закопан во неговата усташка униформа. Кога ова ќе го извадиме од хрватски контекст и го ставиме на друго место, многу луѓе би го сметале за смешно и апсурдно, како што беше истакнато од Метју на српскиот новински портал Б92:

Би можеле ли да си замислите таков погреб за еден командант на Аушвиц?

И како тоа да не беше доволно, изјавува Марко од Грејтер Сурбишн:

…на неговиот закоп главниот свештеник, Вјекослав Ласиќ, рече дека „судот кој го осуди Динко Сакиќ ја осуди Хрватска и Хрватската нација“; дека „НДХ е основа на модерната Хрватска татковина“, и дека „секој чесен Хрват треба да биде горд на името на Сакиќ“.

Земете во обѕир дека ова не е мислење што го делат сите Хрвати, но овие зборови отидоа предалеку со нивното значење. На обете национални и меѓународни простори, оние кои осетија ефекти од убивањата по команда на Сакиќ во Јасеновац беа навредени од овие настани, како што беше пренесено во блогот на ЛибикНутришн:

Потпретседателот на Еврејската заедница Јасминка Домас изјави дека „овие нечесни настани кои што се случија на закопот на Динко Сакиќ во Загреб го навредуваат сеќавањето на секоја жртва од усташкиот режим и го валкаат доброто име на Република Хрватска.“

Директорот на центарот Сајмон Ваисентал во Ерусалим, Ефраим Зуроф, му пиша на Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ за да ја изрази неговата лутина за начинот на кој беше организиран погребот на Сакиќ и говорот на свештеникот.

Aри Русил од Балканска перспектива исто така коментираше за ова, цитирајќи што изјавил Израелскиот амбасадор Шмуел Меиром за погребот:

„Јас сум убеден дека најголемиот дел од Хрватите се шокирани од тоа како беше изведен погребот на командантот на затворот Јасеновац, убиец облечен во усташка униформа“, изјави амбасадорот Меиром во писмено соопштение до државната новинска агенција Нина. „Во исто време, јас цврсто ги осудувам несоодветните зборови на свештеникот кој ја водеше службата на закопот и рече дека Сакиќ беше модел за сите Хрвати“ рече Мериом.

И навистина Зоран Оштриќ од Зелена Листа (The Green List) [хрватски] е еден од оние Хрвати којшто е против да му се прават почести на човек како Сакиќ и жали за тоа што популарната култура од Хрватска прави од него Хрват вреден за почит:

Неумесно, кога Хрватска го осуди пред десет години, дали терани од своите дедовци или по сопствена волја, неговото име [Шакиќ] беше скандирано на фудбалски натпревари од многу млади.

Зошто овие луѓе стануваат културни икони и покрај цврстите факти дека тие убиле безброј луѓе? Наједноставниот одговор на ова е дека е многу полесно да се заборават вакви личности во историјата наместо да се сложат со делата што ги направиле при оставнината на владата во тоа време. Една реченица во Левица (левата рака) [хрватски], инаку блог кој е многу насочен кон левицата, вели:

Тие го осудија него затоа што тој беше личност со пиштол кој убил 40 и наредил 22 воени затвореници да бидат обесени, но сега тоа не е важно.

Додека се прават признанија за криминалните дела што тој ги извршил, оние што директно беа засегнати од убиствата под наредба на Сакиќ не се согласуваат дека сега кога е тој мртов, веќе не е важно што тој направил.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.