- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Продолжува уништувањето на Скопскиот аквадукт

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Историја, Медиуми и новинарство, Уметност и култура

Преку Фејсбук и нејзиниот блог, археологот Василка Димитровска сподели свежи фотографии од Тони Манџуковски, со што дигна узбуна за континуираното уништување на античкиот Скопски аквадукт [1], кој е целосно занемарен од властите и локалното население го користи како извор на градежен материјал. Ироничниот наслов на нејзиниот пост [2], „Да изградиме постар и поубав Аквадукт“, се однесува на озлогласената изјава [en [3], sr [4]] од еден од српските водачи во текот на бомбардирањето на Дубровник [5] во 1991. До сега, само три медиуми ја пренеле веста: на македонски јазик Дневниот Фокус [6] и МКД [7], а на албански PortAlb.mk [6].