Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Индија: Абортус, родители и индискиот закон

Неодамнешен судски случај го сврте вниманието кон законот за абортус во Индија. Според сегашниот закон во Индија, абортусот не е дозволен по 20-та недела од бременоста, освен ако се докаже дека бременоста е опасна по здравјето на жената. Во овој конкретен случај една двојка, на чијшто фетус му е откриена блокада на срцето, го испуштила рокот од 20 недели, и се обратила до судот во Индија да го дозволи абортусот. Меѓутоа судот не дал дозвола да се изврши процедурата. Случајот предизвика дебата за абортусот.

портокалова мачка се сомнева во етиката на одлуката на судот.

Ако абортусот е дозволен до 20-та недела, зошто не и подоцна?…

Абортусот е дозволен после 20-та недела ако животот на мајката е во опасност. Но без разлика колку сериозен е дефектот на фетусот, абортирањето после 20 недели е нелегално. Дали е етички да родиш бебе, иако знаеш дека никогаш нема да има нормален живот? Секој родител сака негово дете да порасне здраво. Кој би сакал да го види своето дете прикачено на пејсмејкер или машина за одржување во живот уште од моментот на раѓањето, зависно од родителите за сè?

На форумот на МСН, прашањето за абортусот како избор на родителите предизвика многу одговори. Еден коментатор го споредува абортусот со убиство и вели

Во овој случај тоа е убиство од сожалување. Само за размислување, дали некој би оправдал одземање на живот доколку дефектот е откриен по раѓањето? Ако му веруваме на медицинскиот извештај, зошто да не и веруваме на медицинската наука да најде лек?

Друг коментатор одговара

Абортирањето е болна одлука за секоја жена (и нејзиниот партнер). Ако идната мајка не е емоционално и финансиски способна да се грижи за потребите на нејзиното идно дете, подобро е да абортира отколку да донесе на свет несакано дете.

Самир Агарвал се прашува какви ќе бидат последиците по детето ако подоцна дознае дека не било сакано. Веблогот на Мами објавува пост во кој многу од коментаторите изразуваат сочувство со родителите и со детето кое би можело да се роди со сериозен инвалидитет. Телевизија Ченаи ја истражува идејата науката и религијата да играат улога во донесувањето закони за абортус.
Другиот аспект од ова прашање е фактот дека двојката не се одлучила за илегален абортус, туку побарале дозвола од судот. Мумбаи Метблогс вели

Прво, немаме секој ден стотици Никити кои влегуваат во судот и бараат дозвола од судот да абортираат. Второ, оние кои имале верба во законот и сакале да го следат вистинскиот пат беа одбиени. После ова не мислам дека многу луѓе ќе се надеваат дека ќе добијат правда по било кое прашање. Наравоучение од оваа приказна е дека вакви инциденти прават луѓето да изгубат верба во законот и правдата.

Другото прашање што се наметнува е потенцијалната злоупотреба на закон кој дозволува абортус после 20-та недела, што може да го зголеми веќе постоечкиот проблем со абортирање на деца од несакан пол. Меѓутоа, овој суд изгледа не е подготвен да направи било какви отстапки од законот кој не е променет со години.

Како што Др. Датар подоцна рече, оваа битка ќе помогне за свртување на вниманието кон дупките кои постојат во сегашниот закон и потребата за донесување амандмани на член 5 од законот МТП од 1971 година. Дебатата за квалитетот на животот после раѓањето сѐ уште е во полн ек. На законот му требаат амандмани, а неговите донесувачи треба брзо да се фатат за работа.

1 коментар

  • Se dodeka nema obuka za planirane na semjstvoto i pravilana zastita ke se slucuvaat nesakani posledici.Podobro dozvolen abortus otkolku rizik kako za majkite taka iza decata rodeni so maani. Edukacija na mladite nasekade vo svetot e poveke od potrebna.

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.