Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Арабија: Дали мажите Арапи-Американци се губитници?

„Дали мажите Арапи-Американци навистина се губитници“ се прашува Асом, млада Арабјанка-Американка – или родителите на потенцијалните невести не се во контакт со реалноста кога доаѓа време за избор на соодветен зет?

Според Асом:

Многу возрасни ги сметаат неколкуте момчиња од мојата мала заедница за претставници на Арапите-Американци од САД и одлучија дека едноставно нема квалификувани момчиња за нивните ќерки. Тие велат дека е тажно што нивните ќерки ќе се омажат со некој што пораснал во друга земја и не зборува течен англиски, но едноставно нема друга опција бидејќи Арапите Американци се губитници. Тешко е да се најде некој што го применува муслиманството, којшто е образуван, има добра кариера, а израснат во Америка. Културната бариера ќе биде мал компромис, кој брзо ќе го надмине.

Таквата ситуација, вели блогерот, прикажува колку таквите мајки не се во контакт со реалноста.

Тоа е како „Жено дали ти си била во Средниот Исток, неодамна????“ Не е баш земја со млади принцови на бел коњ со дипломи, со многу средства и кои се придржуваат до 5те столба на Исламот и сето тоа го прават додека ја чекаат твојата ќерка да се појави и да им го исполни животот.

Таа објаснува дека проблемот со недостиг на соодветни додворувачи за муслиманските Арабјанки-Американки е поради тоа што девојките се многу поамбициозни и поквалификувани од мажите – наведувајќи дека проблемот не е само во САД туку во целиот арапски свет.

Мажите се генерално помалку амбициозни отколку претходно, а девојките се повеќе. Би рекла дека ова е поистакнато во Средниот Исток отколку во САД. Во Јордан, се шегував со мојата роднина, која е во последната година од нејзините студии по инженерство, дека доколку не побрза да си најде колега за момче пред да дипломира, ќе заврши со некој од војската, кој е пушач и пцуе многу.

Асом исто така наведува искуство со мајка Арабјанка, која ја има испратено својата ќерка во Средниот Исток за да си најде соодветен додворувач.

Беше фрустирачки додека се обидував да го објаснам ова на познајничка на мајка ми, која постојано зборуваше за тоа како се обидувала да ја убеди својата ќерка (која нема ни 20 години) да оди во Средниот Исток и таму да бара додворувач, бидејќи во САД „нема ниеден“. Таа дури призна дека ја испратила ќерка и во Јордан и Дубаи за да го помине летото со роднини, со единствена цел да запознае „квалификувани“ момчиња.

Блогерот застанува на страната на мажите Арапи-Американци. Таа ги опишува мажите Арапи-Американци на следниов начин:

Има многу одлични работи во американската култура и општество, кои не се застапени во Средниот Исток и другите источни земји. Момците кои пораснале во САД, како резултат на изложеноста на разновидност во животот и нормите, знаат да бидам многу помирни, трпеливи и урамнотежени. Борбата да се израсне како малцинство, овозможи развивање на мажи кои се искрени и сензитивни. Оние кои избраа да го практикуваат Исламот имаат многу подлабоко ниво на верба и разбирање од оние кои се израснати во голема муслиманска околина.

Во постот на Асом има и дел за Арабјанките-Американки, каде пишува зошто би му било тешко на Арап израснат во Средниот Исток да се справи со нив:

Заедничко за девојките пораснати во САД, споредено со оние пораснати во Средниот Исток, е тоа што тие се сензитивни, разгалени и љубопитни. Ние сакаме да прашуваме „Зошто?“ и понекогаш се буниме без некоја причина. Девојка со такви квалитети може да претставува голем проблем за момче пораснато на исток. Западните момчиња НЕ СЕ ПОДОБРИ од источните, но генерално се подобри за западните девојки.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.