- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кина: Тибетски протестанти поставија знаме пред олимпискиот стадион

Категории: Популарен напис, Источна Азија, Кина, Хонгконг, Етничка припадност и раса, Најважни вести, Политика, Протест, Религија, Слобода на говор

Сѐ уште се чека на повеќе детали (новости подолу), но влогерот на Qik.com, Ноел Хидалго [1] беше на местото на настанот и пренесуваше новости [2] преку Твитер. Еве видео кое тој го сними пред олимпискиот стадион [3]:

Ноел објави и второ видео, во кое известува дека кинеските пожарникари симнале еден протестант, а другиот по се изгледа се симнува од другата бандера; нема информации за третиот протестант кој беше на земја како што се гледаше на видеото погоре:

Од Твитер (пекиншко време):

6:38am @noneck [4]:
Се наоѓам западно од тибетските протестанти кои се качуваат на бандери пред стадионот
6:42am @noneck [2]:
Сега има тибетски протестант кој се качува на бандера на запад.
7:14am @noneck [5]:
Леле! Локалците се нервозни и вознемирени. Се враќам во хотелот.
7:28am @noneck [6]:
Сега ме следи една мала стара госпоѓа која му рече на последниот таксист да ме исфрли. Пешки барам други следбеници.
7:33 @noneck [7]:
Најдов такси и одам на кафе да се освежам малку.