Кина: Тибетски протестанти поставија знаме пред олимпискиот стадион

Сѐ уште се чека на повеќе детали (новости подолу), но влогерот на Qik.com, Ноел Хидалго беше на местото на настанот и пренесуваше новости преку Твитер. Еве видео кое тој го сними пред олимпискиот стадион:

Ноел објави и второ видео, во кое известува дека кинеските пожарникари симнале еден протестант, а другиот по се изгледа се симнува од другата бандера; нема информации за третиот протестант кој беше на земја како што се гледаше на видеото погоре:

Од Твитер (пекиншко време):

6:38am @noneck:
Се наоѓам западно од тибетските протестанти кои се качуваат на бандери пред стадионот
6:42am @noneck:
Сега има тибетски протестант кој се качува на бандера на запад.
7:14am @noneck:
Леле! Локалците се нервозни и вознемирени. Се враќам во хотелот.
7:28am @noneck:
Сега ме следи една мала стара госпоѓа која му рече на последниот таксист да ме исфрли. Пешки барам други следбеници.
7:33 @noneck:
Најдов такси и одам на кафе да се освежам малку.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.