- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Италија, Македонија: Смешен (и несоодветен) превод на името на државата

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Италија, Македонија, Граѓански медиуми, Јазик, Хумор

Порталот Прес 24 објави [1] фотографија од некој корисник на Фејсбук кој открил дека наместо Македонија, дисплејот со повикувачки кодови на еден милански аеродром како име на државата го прикажува терминот „Fruit Salad“ односно овошна салата на англиски.  Зборот „Macedonia“ е синоним/вид [2] овошна салата на италијански, шпански  и др. јазици. Се појавува и како буквален превод [3] преку Гугл транслејт.