Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Русија: Заедничко помагање на жртвите од пожарите

[Овој пост беше оригинално објавен на блогот на Ushahidi. Ushahidi е алатка со отворен код наменета за мапирање, која е развиена во Кенија за време на кризите во 2008 и од тогаш се користи насекаде во светот за придонес од страна на корисниците (crowdsourcing).]

Од минатата недела, заедно со нов топлотен бран, шумските пожари продолжуваат да се закануваат на голем дел од западна Русија, вклучувајќи го и московскиот регион. Најмалку 40 луѓе загинаа и 77 градови или села беа зафатени, илјадници луѓе беа оставени без домови и изгубија се што имаа. Рускиот претседател Димитри Медведев прогласи вонредна состојба во 7 региони, иако изгледа како властите да имаат значаен проблем со координација на информациите, поддршката и помошта за жртвите.

Руската онлајн заедница, вклучувајќи блогери од Livejournal.com, се многу активни не само во покривање на трагични настани, туку и во само-организирање со цел да им се помогне на оние што имаат потреба. Специјална заедница наречена „Pozar_Ru“ (Пожар_Ру) е оформена за оние кои сакаат да помогнат. Меѓутоа, за разлика од земјотрес каде поголемиот дел од штетата се прави одеднаш, нови епицентри на шумските пожари се појавуваат скоро секој час и на многу големи територии. Како последица, тоа создава преоптоварување на информациите и потешкотија во координацијата за помош на онлајн заедниците. Она што недостасува е платформа која ќе помага во координација на информациите и обидите за помош.

На 31 јули, го напишав постот „Шумските пожари имаат потреба од користење на ‘Ushahidi’ во Русија“. Напишав за улогата на Ushahidi, онлајн платформа за собирање и визуелизирање на информации во Хаити и Чиле и образложив дека оваа алатка е многу соодветна за моменталната ситуација во Русија. За неколку часа постот беше ре-објавен од страна на многу познат руски опозициски блогер Марина Литвиновиќ и се ширеше низ Pozar_Ru заедницата. Привлече многу внимание кон платформата и создаде динамична дискусија. Следниот ден, Алексеј Сидоренко, блогер на Altz-gamer и уредник на проектот на Global Voices наречен Runet Echo, го лансираше Ushahidi.

Russian-fires.ru

Russian-fires.ru

Веб-сајтот е Russian-fires.ru и е наречен „Руските пожари 2010“. Сидоренко ја искористи руската верзија, која претходно беше преведена за потребите на Киргистан. Алексеј исто така ги повика руските програмери да му се приклучат во понатамошен развој на платформата преку популарниот руски ИТ блог, Habrahabr. Марина Литвановиќ исто така повика на волонтирање за тимот кој ќе ги раководи и координира информациите на новата платформа.

Главната цел на платформата не е мапирањето на шумските пожари, туку поврзувањето на граѓаните кои сакаат да помогнат и на оние на кои им е потребна помош. Тоа е прикажано преку категориите на мапата кои вклучуваат „Што е потребно“ (подкатегории: потребен е дом, потребни се алишта, потребна е храна, потребна е евакуација итн.) и „Сакам да помогнам“ (подкатегории: „имам алишта, „имам транспорт“, „имам храна“ итн.). Мапата ги покажува и „центрите за помош“ и места каде луѓето кои ги загубиле своите домови може да ја поминат ноќта.

„Руските пожари 2010“ е прв случај каде се користи Ushahidi во Русија за оваа конкретна цел и веројатно првпат Русите онлајн да се насочат кон независна платформа за заеднички придонес (crowdsourcing). Проектот е активен само еден ден, но веќе има силен тим и илјадници извештаи. Ве молиме имајте на ум дека можеби има некои грешки на сајтот (проблемот со енкодингот ќе биде наскоро решен), но тимот се надева дека ќе ги поправи овие проблеми, проучи платформата и побара доколку е потребна дополнителна помош.

Ние не можеме да бидеме сигурно дека првото руско Ushahidi ќе биде успешна приказна, но веќе е јасно дека Русија е уникатно место за негово користење поради високото ниво на активизам и заедничка поддршка помеѓу онлајн заедницата. Брзината со која се лансираше Ushahidi го докажува тоа. „Нека технологијата ни овозможи да си помогнеме меѓусебно“, вели сајтот „Руските пожари 2010“. Да се надеваме дека слоганот ќе се оствари.

За било каква помош, совет или било каков придонес може да им пишете на Грегори Асмалов, gregory [dot] asmolov [at] gmail dot com или Алексеј Сидоренко, sidorenko [dot] a [at] gmail [dot] com.

Во благодариме и пренесете ја информацијата за сајтот и на други од Русија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.