Палестина: Нема мир за Ахмед Муса ни во животот ни во смртта

Илјадници ожалостени чекаа на погребот на Ахмед Муса, момчето кое го убија израелските војници на почетокот на неделава за време на протест во Нилин. Меѓутоа, не беше судено момчето да има мирен закоп; додека Палестинците извикуваа зборови на жалост и пцовки кон насобраните израелските полицајци, беа погодени со канистери од солзавец. Харец тоа многу добро го опиша: „погребот веќе не му припаѓаше на семејството.“

Повторно Апартхејд, којшто работи со женски групи посветени на мирот во Палестина, присуствуваше на погребот и прашува:

Зошто војниците мораа да дојдат во Нилин денеска? Зарем не можеа да ја напуштат областа на еден час или барем да застанат 100 метри подалеку и да ги остават намира? Зарем не можеа да го остават семејството на Ахмед и нивните пријатели да тажат без да се наредат како да ги провоцираат и да се насладуваат на фактот дека го убиле? Едноставно не можам да го разберам тоа што го гледам тука.

Блогерот исто така го објави овој запис од колега (Австралиец кој живее во Палестина и блогира на Во живо од окупирана Палестина):

Кога нашиот автомобил, кој веќе беше пола поминат низ поворката, стигна до автопатот, видовме дека израелските окупирачки сили го беа блокирале патот и не им дозволуваа на автомобилите со израелски таблички да продолжат. Оваа глетка беше олеснување. Набргу ние, како и ожалостените Палестинци и интернационалци, почнавме да излегуваме од автомобилите на автопатот. Меѓутоа, како што се приближувавме кон влезот на Нилин, можевме да видиме дека израелските окупирачки сили поставила уште една барикада на другиот крај на селото.

Ова беше чисто провокаторски акт од страна на израелските окупирачки сили. Тие можеле многу лесно да ја постават барикадата (бидејќи патот води до Тел Авив) 50 или 100 или 200 метри подалеку Тоа што ја поставиле барикадата таму значеше дека ќе има конфронтации бидејќи емоциите и гневот поради убиството на Ахмед беа интензивни.

Не беше судено ова да биде мирен ден; доцна попладнето, еден млад посетител на погребот на Ахмет беше застрелан од страна на Израелските војници и падна во кома. Младото момче (на 17 или 18 години), Јусеф Амира, падна во кома и подоцна беше потврдено дека нема мозочна функција. Chroniques du Palestine објави фотографии од младото момче во болницата.

Мојот прозорец кон светот повика да не ги заборавиме двете млади момчиња:

Прочитав многу дискусии и мислења за смртта на Ахмед. Многумина се обидуваат да го оправдаат убиството или да ја префрлат вината на семејството што „дозволиле“ детето да биде на место кај што има оружје. Но, убиство на дете никогаш не може да биде оправдано. Ова убиство беше толку очигледно намерно што не постојат аргументи на светот кои би ја намалиле вината на војникот што го повлекол чкрапалото. Второ, овде нема безбедно место за деца. Оружјето е насекаде, и тоа е во рацете на израелските војници. Окупацијата е од страна на Израел. Ѕидот и барикадите кои го спречуваат движењето на луѓето се поставени од Израел. Војници доаѓаат во селата, во домовите на луѓето, училиштата, игралиштата, како можете да го заштитите детето од ова?

Блогерот заклучува:

Не знам што да правам во врска со ова. Не знам што да мислам. Се обидов да размислувам за војниците овде како луѓе, исти како нас. И сретнав многу кои се љубезни и фини, како било кој друг млад човек на возраст од 18 до 20 години. Кога ги гледам војниците како оние во Нилин губам надеж во човечноста. Зарем сите ние можеме да се претвориме во ова? Зарем сите ние можеме да заборавиме на сочувството? Зарем сите ние можеме да бидеме убијци?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.