- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Турција: Реакции на Твитер за денот на изборите

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Турција, Граѓански медиуми, Избори, Најважни вести, Политика

Турција ги одржа своите избори [1] за 550 места во Големото национално собрание. Ова се некои од реакциите на интернет, откако се објавени првите резултати.

Мароканскиот адвокат, Ибн Кафка, ги ажурира на Твитер информациите од турските избори целиот ден. Тој забележува [2]:

Курдските кандидати мораа да се натпреваруваат како независни за да бидат избрани- очигледно 32 од нив успеаа да го постигнат тоа.

Ибн Кафка ги објавува [3] и досегашните резултати:

Со 85.4 од гласовите, местата во Парламентот во Турција се: АКП 136, МХП 56 и 36 (Курдските) независни.

Џејмс Рашид е пресреќен. Тој пишува на Твитер [4]:

Партијата АК победи денес на општите избори одржани во Турција. Голема победа за партијата АК и демократијата. Честитки за Реџеп Тахип Ердоган.

Британската курдска писателка и уредничка, Рувајда Мустафа, која се опишува себеси како феминистка и муслиманка, сè уште бара реакции. Таа пишува на Твитер [5]:

Бара ли некој објавувања на Твитер за изборите во Турција?

Друг курдски корисник на Твитер, Хебало Азад, забележува [6]:

Дури и кога слушаме позитивни вести, не можеме целосно да уживаме во нив, бидејќи сме исплашени за последиците!

Кубад Талабани има прашања. Тој прашува [7]:

Знае ли некој колку % од независните кандидати што се натпреваруваат се БДП кандидати? @nuhyilmaz #TwitterKurds #Secim2011

Во меѓувреме, Есра Дограмаци реагира на покриеноста на изборите од страна на Ал Џезеира, велејќи [8]:

Ми се допаѓа како @AJEnglish го вклучи логото на Гугл  на #турските избори денес (видете на блогот во живо) http://t.co/K3nBXFe [9] #secim2011