- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Global Voices разви алтернативни начини за приход

Како и сите други медиумски агенции, во овие времиња на економска криза, Global Voices мора да биде креативен и иновативен кога станува збор за одржување на организацијата.

Во 2008, откако три години бевме администрирани од Беркман центарот [1] на универзитетот Харвард, станавме независна непрофитна организација, создадена во Холандија. За организација со илјадници членови насекаде во светот, Global Voices успева да ги задржи трошоците релативно ниско. Ние немаме физичка канцеларија и повеќето од извонредните луѓе, кои работат многу напорно за да ја создадат содржината која ја гледате на овие страници, работат на волонтерска основа. Сепак, голем дел од нашето време и енергија во последната година беше фокусирана на собирање средства и наоѓање начини за да се направи организацијата понезависно оддржлива.

Со задоволство можеме да кажеме, и покрај моменталната економска криза, дека ние сме многу блиску до покривање на нашиот буџет за 2009, благодарение на поддршката од филантропските организации наведени тука [2]. За да ја обезбедиме нашата долготрајна оддржливост ние се обидуваме да создадеме баланс помеѓу филантропската поддршка, уредничка провизија, партнерства и групирање на содржина, со малку огласување.

Следуваат неколку од идеите кои ги истражувавме:

Провизија за создавање и гарантирање на содржина

Целата наша содржина е објавена под Криејтив комонс лиценца која овозможува комерцијалните и некомерцијалните сајтови да реобјавуваат [3] она што тие ќе изберат. Меѓутоа, од време на време, некоја организација ќе не најми да покриеме конкретен регион или тема во целост. Во 2008, Ројтерс ги покри трошоците за најмување на уредници за создавање на содржина за климатските промени и граѓански видеа. Во наредните шест месеци, нов блог од United Nations Population Fund (Фонд за население на Обединетите нации) [4] (UNFPA) ќе ги плаќаат нашите уредници да објавуваат вкрстени приказни за здравјето на жените, младите луѓе и сексуалноста, населението, развојот и климатските промени. Некои донатори со интерес да видат повеќе содржина од одреден тип можат да дадат поддршка за таа содржина, со јасно навестување дека тие нема да имаат влијание на самата содржина. Овој тип на создавање на содржина е карактеристика на многу модели на јавни медиуми. Ваквиот тип на приход е многу веројатно дека ќе стане значителен алтернативен извор.

Огласување

Многу сајтови користат автоматски сервиси за огласување, но засега ние одлучивме да не одиме во тој правец. Заработката од овие огласи ќе биде релативно мала во однос на просторот кој ќе треба да им го посветиме, а загрижени сме и за содржината на автоматските огласи. Но, ова не значи дека сме против огласување. Оваа недела ќе ја извршиме нашата прво платена промоција за натпревар за онлајн видео, организиран од Put it On [5]. Ние сметаме дека промоцијата на натпревар на граѓански видеа, кој е отворен за сите во светот, е во согласност со нашата мисија. Ние исто така си дадовме обврска дека секогаш, јасно ќе прикажуваме кога некоја од нашите содржини е платена или спонзорирана, а огласувањето ќе биде јасно означено како такво.

Советување

Постои огромно количество на знаење и талент во заедницата на Global Voices и постојат можности за партнерства со други организации кои можат да овозможат финансиска придобивка и на Global Voices и на индивидуални членови. Во септември, 30 блогери од Global Voices ќе добијат хонорар за да бидат ментори на нови блогери од Европа и Африка, кои учествуваат во онлајн комуникациски курс на ActionAid Данска [6]. Ние со задоволство овозможуваме интересни можности за волонтерите на Global Voices и би го делеле приходот низ организацијата, со што би го користеле искуството за да развиеме нови насоки за обуки за некои идни менторски проекти.

Онлајн донации

Нашата страница за онлајн донации [7] ја објавивме на крајот на минатата година со тивок повик за донации [8] проследен со слајдшоу [9] со фотографии и цртежи од членови на нашата заедница, а планираме да направиме уште едно во блиска иднина. Во идеален свет, би можеле да преживееме само од донации од нашите читатели и иако знаеме дека тоа не е реално, ние сме многу благодарни кога пријателите ја покажуваат нивната поддршка на таков начин. Па, ако ви се допаѓа начинот на кој размислуваме и на кој се развиваме и би сакале да дадете донација [10], сакаме да знаете дека ќе биде многу ценета!

Ова се само неколку од идеите кои ги разгледувавме со цел да генерираме дополнителен приход за Global Voices, покрај нашите традиционални начини. Доколку сакате да истражите подетално некои од нив, пишете на georgiap at globalvoicesonline dot org.

Ние сме многу благодарни и горди на сите луѓе кои го инвестираат нивното време и енергија во овој проект и кои работејќи заедно го прават да функционира.