Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Русија: Затемнувањето на сонцето и политиката во Самара

Рускиот фотограф Олег Климов беше во градот Самара на 1 август, денот кога имаше тотално затемнување на сонцето, за да се сретне со претставници од локалната опозиција. На неговиот блог, тој опиша (руски) редок случај на спојување на руската политика и астрономијата:

[Кликнете тука за да ги видите четирите фотографии на Олег Климов кои се дел од овој пост]

Затемнувањето на сонцето се случи во Самара, веднаш откако се сретнавме со членови на локалната опозиција. Како што бевме предупредени, веднаш добивме „опашка“. Последен пат кога ми се случи ова беше во Узбекистан во 1992, исто така за време на борба против опозицијата. Тогаш, холандскиот новинар и јас бевме прогласени за персона нон грата од страна на министерот на надворешни работи на Република Узбекистан, поради прекршување на програмата со нашата посета во земјата, а поради тоа холандскиот весник за кој работам сѐ уште има големи проблеми со добивање визи за оваа земја, демократска на свој начин.

Нашата „опашка“ во Самара искочи многу полоша од онаa во Узбекистан. Кога тој виде дека фотографирам слаб, постар маж со рентгенограм (на кој е прикажана неговата скршена нога), „опашката“ не можеше да не се вмеша, најпрво претставувајќи се себеси како доктор, а потоа како полициски службеник, набедувајќи ме за малтретирање на стариот човек, кој има право слободно да оди покрај брегот на реката Волга… „Опашката“ не знаеше дека на овој начин ние само го гледавме сонцето , додека месечината бавно и сигурно го покриваше, и иако сѐ уште не беше комплетен мрак, одредена умствена агитација беше присутна, птиците запреа со чврчорење и само „опашката“ крекаше како жаба, барајќи да престанам да го фотографирам стариот човек и да му покажам документ со кој ми е дозволено фотографирањето на луѓе на улиците. Дебил.

Еве што точно му реков: Ти мора да си многу необразован човек. Погледни го сонцето низ снимката од скршената нога на стариот човек и ќе видиш како олигархот и чекист Путин го украде нашето сонце. Тој беше навистина изненаден кога виде дека навистина недостасуваше половина од сонцето. (На втората фотографија, тој е оној од лево, како проверува дали сонцето е таму ;)). Сѐ уште не можам да престанам да се чудам колку е идиотски режимот и луѓето кои работат за него.

Додека „опашката“ го гледаше затемнувањето на сонцето, ние заминавме, а наскоро имавме друга „опашка“ која не следеше, но не и обрнувавме внимание. Кои се тие? – Не знам – полиција, ФСБ, про-Кремлин младинското движење Наши, Ваши – сите нека одат по ѓаволите.

[…]

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.