Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Сенатор од Филипините се обидува да ги криминализира „лажните вести“ — дали ова може да води кон цензура?

Оние кои ги споделуваат лажните вести преку социјалните медиуми се исто така одговорни во овој предлог-закон. Фликер фотографија на Стенли Цабигас (CC BY 2.0)

Филипинскиот сенатор Џоел Вилануева поднесе предлог-закон кон крајот на јуни кој ќе го криминализира „злонамерното ширење на лажни вести“. Медиумските групи предупредуваат дека ова може да води кон цензура.

Предлог-законот под број 1492 на Вилануева или „Закон за казнување злонамерно ширење лажни вести и други сродни прекршоци“ ги дефинира лажните вести како „оние кои имаат намера да предизвикаат паника, поделби, хаос, насилство и омраза или оние кои прикажуваат пропаганда со цел зацрнување или дискредитирање нечиј углед“.

Предлог-законот предвидува казни за оние кои објавуваат „лажни вести“ и дури и за оние кои ги споделуваат истите, потенцијално криминализирајќи ги корисниците на социјалните медиуми кои можеби не во целост ги разбираат импликациите од едноставно споделување напис со пријатели.

Затворските казни според овој предлог-закон се во зависност од статусот на субјектот кој ги објавува или шири овие таканаречени „лажни вести“. Физичко лице кое ќе биде прогласено за виновно за објавување или ширење лажни вести може да се соочи со казна затвор до пет години. Иста таква казна за државен службеник ќе биде двојно подолга. И за крај, медиумски субјект или платформа на социјален медиум кој шири лажни вести може да добие затворска казна до 20 години.

Вилануева го објасни расудувањето позади овие казни:

The effect of fake news should not be taken lightly. Fake news creates impression and beliefs based on false premises leading to division, misunderstanding and further exacerbating otherwise strenuous relations.

Ефектите на лажните вести не треба да се земат здраво за готово. Лажните вести создаваат привид и верувања кои се базираат на лажни премиси кои водат кон поделби, недоразбирања и понатамошно влошување на и онака тензичните односи.

Тој додаде дека усвојувањето на законот „ќе ги охрабри нашите граѓани, особено државните службеници, да бидат поодговорни и внимателни во создавањето, дистрибуирањето и/или споделувањето вести“.

Професорот по новинарство Данило Арао го анализираше предлог-законот долг четири страници и ги сумираше неговите забелешки:

Definition of “false news or information” under Sec. 2 is so broad that it includes practically anything perceived to cause, among others, panic and hate (obviously hard to define)…

Media organizations could be subjected to censorship under Sec. 3 of the proposed law because even fair commentary or investigative reports that are perceived to tarnish the reputation of a public official could be flagged as “false news”.

Дефиницијата за „лажни вести или информации“ под член 2 е толку широка што практично вклучува сè што се перцепира дека ќе предизвика, помеѓу другото, паника и омраза (очигледно тешки за дефинирање)…

Медиумските организации можат да бидат подложени на цензура под член 3 од предлог-законот бидејќи дури и фер коментари или истражувачки извештаи за кои ќе има перцепција дека ја повредуваат репутацијата на јавен службеник би може да бидат етикетирани како „лажни вести“.

Арао понатаму ја оспорува потребата од специјален закон во кој се споменуваат државни службеници, и резонира дека од нив веќе се очекува да се придржуваат до етички кодекс.

Во телевизиско интервју, лице за односи со јавноста од Центарот за медиумски слободи и одговорност изјави дека предлог-законот е непотребен бидејќи филипинскиот Закон за клевета веќе ги адресира прашањата кои ги покрена сенаторот.

Член на Долниот дом предложи наместо да се криминализираат лажните вести, конгресот би требало да работи на одобрување на предлог-законот за слобода на информации, кој е во процедура, за кој тој вели дека ќе помогне во спротивставувањето на неодговорното споделување лажни информации во медиумите и на интернет.

„АлтерМидја“, мрежа на независни медиумски групи, го отфрли предлог-законот на Вилануева како „неодговорен, непотребен и опасен обид да се воведе вид на цензура врз слободата на изразување и слободата на медиумите“.

How does one distinguish between a false report based on an honest mistake and one maliciously spread through print, broadcasting and online?

It would endow the bureaucracy with the arbitrary power to declare any media issuance contrary to government interests as fake news, while approving, loudly or otherwise, even the most fraudulent report from either private or State media so long as it favors whatever regime is in power.

Како може да се разликува лажен извештај кој се базира на ненамерна грешка и извештај кој злонамерно се шири преку медиумите и на интернет?

Ќе ѝ се овозможи арбитрарна моќ на бирократијата да го декларира секое медиумско издание спротивно на владините интереси како лажна вест, додека ќе ги одобрува, гласно или на друг начин, дури и најизмамничките извештаи и од приватните и од државните медиуми сè додека објавуваат во корист на режимот кој е на власт.

Новинарот-ветеран Луис Теодоро го потсети сенаторот дека постојат подобри начини за борба против лажните вести:

Accountability in the exercise of the right to communicate is best enforced, not by the State, but by the media community itself as well as by a public media-literate and responsible enough to detect and not to spread fake news.

Отчетноста во уживањето на правото да се комуницира е најдобро присилена, не од државата, туку од самата медиумска заедница како и од јавност која е медиумски писмена и доволно одговорна да ги забележи и да не ги шири лажните вести.

Колумнистот на весникот „Филипинска Ѕвезда“ Јариус Бондок предупреди дека доколку ова навистина стане закон, би можело да биде злоупотребено од властите кои сакаат да ги замолчат критичарите:

The bill is prone to abuse. A bigot administration can apply it to suppress the opposition. By prosecuting critics as news fakers, the government can stifle legitimate dissent. Whistleblowers, not the grafters, would be imprisoned and fined for daring to talk. Investigative journalists would cram the jails.

Овој предлог-закон е склон на злоупотреба. Биготска администрација може да го употреби за да ја замолчи опозицијата. Со кривично гонење на критичарите како измислувачи на лажни вести, владата може да го задуши легитимното несогласување. Свиркачите, а не корумпираните лица, би се затвориле и казниле затоа што се осмелиле да зборуваат. Истражувачките новинари би ги преполниле затворите.

Ова не е првпат како филипински законодавец поднесува предлог-закон кој го адресира негативното влијание на лажните вести. Претходно во текот на годината, спикерот на Долниот дом предложи регулација на социјалните медиуми за да се спречи ширењето на лажните профили и лажните информации.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.