- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кина: Политиката за едно дете на ревизија

Категории: Источна Азија, Кина, Младина, Политика, Развој, Човекови права

Според магазинот Тајм, [1] политиката за едно дете [2], камен темелник на современа Кина, ќе биде сменета кога доцна минатата недела се рашири веста дека Шангај ги охрабрува двојките да имаат уште по еден потомок.

Три декади, милиони кинески родители ги одгледуваа своите единствени деца според строгите одредби на правилата за планирање на кинеското семејство. Сега, соочени со кризата на стареење, авторитетите во Шангај за прв пат започнаа да ги охрабруваат младите двојки да имаат по две деца, потег кој претставува прв чекор на кинеската влада кон оддалечување од оваа интервентна политика.

Велат дека и Пекинг ја преиспитува оваа контроверзна политика на едно дете која помогна да се поттикне економскиот пораст од времето на економската реформа и отварањето [3]- но проследена со тешка социјална цена.

Кога вестите насекаде се дискутираа од кинеските весници и магазини, тоа го поттикна и интересот на нетизените и покренаа многу аргументи. Англиски блогер [4] смета дека најголема промена ќе се случи во големите  кинески градови:

Да се покрене ваквата иницијатива во еден од најголемите кинески градови е голем чекор, и ќе биде интересно да се  види колку Кина ќе ја олабави оваа политика.

Поради политиката на едно дете, постои дебаланс на популацијата во Шангај. Блогерот Брендон Малоун [5]вели дека товарот врз младите луѓе е многу тежок:

Сепак малкуте бројки се точно она од што го загрижи Шангај, бидејќи градот се соочува со недостаток на млади мажи и жени за одржување на неговата популација која старее.

Друг блогер [6] вели дека  промената на политиката на едно дете има подлабока смисла, не само поврзана со развојот туку е поврзана и со потребите на самата политика:

计划生育政策是我们的国策,但不是永远的办法。在上个世纪70年代推行计划生育政策时,中央和国务院的许诺是30年,现在30年已经到了,就应该承诺。

Политиката на едно дете е наша национална политика. Но, тоа не значи дека  нема недостатоци и дека не може да се промени. Во 70те, владата и конгресот ветија дека оваа политика ќе трае 30 години. Сега тие 30 години поминаа и време е тие да го направат она што го ветија.

Поради ова некои се прашуваат зошто само луѓето во Шангај да ја имаат привилегијата да имаат повеќе деца. Читател се жали дека тоа не е фер [7]: [кинески]

凭什么上海想生二胎就可以生,难道上海不属于中国,上海经济有特权,难道人也有特权吗?老龄化可以放开户口限制,坚决抗议。

Зошто само Шангајците да ја уживаат оваа привилегија? Нели и тој е дел од Кина? Тие веќе имаат економската привилегија сега бараат да имаат и привилегија за раѓање. Цврсто протестирам поради идејата да се олабави рестрикцијата поради процесот на стареење.

Жена во Сичуан [8] [кинески] која е единствено дете на нејзините родители се жали дека е тешко за неа и нејзиниот сопруг да имаат повеќе деца само затоа што не се од Шангај:

如果准许生二胎 那么任何夫妇都应该可以生 为什么要有那么多条条框框呀?不成了特殊群体的特殊权利了吗?我老公有个哥哥 我是独生子女 我们都在外地工作 家也安在外地 有个儿子 我还想着生个女儿呢!

Ако им дозволиме на родителите да имаат второ дете, тогаш сите двојки во земјата треба да го имаат истото право. Зошто се поставуваат толку рестрикции и правила за луѓето од оваа земја освен за Шангај? Мојот сопруг има брат, но јас сум единствено дете на моите родители. Ние живееме и работиме далеку од дома со нашиот единствен син. Желни сме за ќерка!

Но ако на сите Кинези им се дозволи да имаат второ дете тогаш резултатот ќе биде страшен. Блогер коментира [9]: [кинески]

中国这个世界人口大国,难道还嫌人口不够多?事实上,鼓励二胎的努力,主要目的是为了平衡劳动力的变少和老龄人口的增多。多年来,中国的计划生育政策一方面取得了巨大的成功,另一方面似乎又非常失败。它有效控制了人口,但却又导致了强制堕胎现象出现。

Најнаселената земја во светот, изгледа сака да има уште поголема популација. Новиот притисок, кој цели да ги собори растечите грижи за намалувањето на работната сила во земјата и стареењето напопулацијата, е најголемиот јавен напор кој допрва ќе покаже дека политиката ќе донесе и огромен успех и страшен неуспех. Додека се држеше под контрола растот на популацијата тоа истовремено доведе до пораст на абортусите.

Chen Jibing [10] [кинески], новинар во Шангај, пишува на својот блог дека напуштањето на политиката на едно дете ја рефлектира културната вознемиреност кај родените Шангајци:

我个人认为,这里还有更深层次的心理原因——“你想不想生二胎”这个问题背后,隐含的其实是上海乃至整个中国东南沿海发达地区的一种文化焦虑。

Лично сметам дека зад прашањето „Дали сакате уште едно дете“ лежи психолошка причина. Тоа има импликации врз културната анксиозност во Шангај како и во обласите на источниот брег.

在上海,我相信每个像我这样年龄的中青年父母都会有一个不大不小的烦恼——孩子不愿也不会说上海话。按照目前的这种趋势,恐怕不需要再过30年,曾一度被全国人民拿来作为讽刺小品素材的上海方言将会基本消失。

Верувам дека во Шангај младите родители како мене се помалку или повеќе загрижени за феноменот што нивните деца неволно го користат шангајскиот јазик. Ако овој тренд продолжи, се плашам дека за 30 години шангајскиот јазик, кој некогаш се користел како елемент во сатиричните скечеви ќе исчезне.