- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Фокус на поетскиот фестивал со децениска традиција

Категории: Источна и Централна Европа, Албанија, Естонија, Индија, Јапонија, Кина, Македонија, Португалија, Русија, Франција, Граѓански медиуми, Книжевност, Уметност и култура, Филм

Португалскиот режисер Андре Соарес објави краток документарен филм [1] (на англиски) за Струшките вечери на поезијата [2], меѓународен поетски фестивал кој веќе половина век, од 1962 година, се одржува секоја година во Струга [3], Македонија (официјален сајт [4]).

Во филмот се поместени изјави од поетите Владимир Мартиновски [5] од Македонија, прогонетиот Кинез Беи Линг [6], Рати Саксена [7] од Индија, Кори Маркс [8] од СА, Сиим Кера [9] од Естонија, Мимоза Сали [10] од Албанија… кои зборуваат за ситуацијата со поезијата во светот и читаат нивни дела на своите јазици.

Додека објаснува како бил присилен да одбира меѓу затвор и прогонство поради несогласици со режимот, Беи Линг вели дека неговата земја не е веќе Кина, туку кинескиот јазик. Интересно, еден од најпознатите цитати на реномираниот македонски поет и лингвист Блаже Конески [11] (1921-1993), врежан и на неговиот неодамна подигнат споменик [12] е „јазикот е нашата татковина“.

Фестивалот е еден од клучните елементи на официјалната култура во земјата, поддржана од државниот апарат. На отворањето обично се присутни врвни политичари, како министерката за култура, премиерот и/или претседателот. Како таков, фестивалот се нема покажано погоден за промовирање на македонските дисидентски мислења, како што блогерот, активист и поет Внукот [13] посведочи во еден критички пост [14] за 2009 година. Сепак, во 2011 година тој се вратил на фестивалот со цел да ја прочите неговата  песна „The Murder“ [15] посветена на убиството на Мартин Нешковски, кое ги предизвика спонтаните протести против полициска бруталност [16] (анг.).

Низ годините, македонските блогери го имаат споменувано фестивалот преку цитирање на податоците од Википедија и започнувајќи дискусии за домашни поети како Конески [17], Матеја Матевски [18] или Јован Котески (1932-2001), кој учествувал во 1964 [18] и 1981 и 1982 година [19], или преку објавување на македонски преводи на дела од странски учесници, како Јапонецот  Шунтаро Таникава [20], Французинот Пјер Беарн [20] и Русинот Вадим Фјодорович Терехин [20].

Новинарот Васко Марковски го има искористено неговиот блог да објави репортажа [21] за Паркот на поезијата во Струга, во кој растат дрвја посадени од светски познати поети – лауреати на наградата на фестивалот.