Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кенија: Министерот за финансии ги употребува социјалните медиуми при изготвувањето на буџетот

Министерот за финансии на Кенија, Ухуру Кенjата, ги искористи Твитер и Фејсбук за да го дознае јавното мислење за тоа што треба да вклучува буџетот на земјата за 2010/2011 год. кој беше изнесен на 8 јуни 2011 год.

Интересно беше тоа што проценките за буџетот на три источноафрикански земји беа прочитани истиот ден (примерок од говорот за буџетот е достапен на Фејсбук страницата на Министерот). Сепак, Министерот за финансии на Кенија е единствен кој ги вклучи социјалните медиуми во изготвувањето.

Министерот користеше GoogleDocs (документот сега е отстранет), Скрибд (Scribd) и Фејсбук за да го открие јавното мислење. Тој доби огромен број одговори. Ова е прв пат Министер за финансии на Кенија да ги употреби социјалните медиуми за да го добие мислењето на јавноста.

Министерот за финансии на Кенија: Ухуру Кенјата. Извор: Страницата на Фејсбук на Ухуру Кенјата

Жителите на Кенија дискутираа за содржината на буџетот на Твитер преку хаштагот #Budget2011 , додека пак тимот на Министерот за финансии ја употребуваше #keBudget2011. Новости од говорот за буџетот беа објавувени од @TeamUhuru и @UKenyatta. Луѓето кои се приклучени на интернет во Кенија дискутираа за буџетот критички, но сепак во позитивна смисла:

@LoiseKare вели дека употребата на социјалните медиуми од страна на Ухуру ја покажува разликата меѓу лидер и политичар:

…а вклучи и пријателски пораки во изготвувањето на буџетот… разлика помеѓу политичар и лидер. Браво @UKenyatta

@MissRipplez е убеден дека употребата на социјалните медиуми ќе влијае на претседателските избори во Кенија во 2012 година:

Судејќи според #kebudget2011 и #teamuhuru убеден сум дека Твитер ќе биде значајна основа за кампањите следната година #kenyansontwitter

@Just_Wambui коментира за Министерот и неговиот тим на Твитер:

Импресиониран сум од ефикасноста на #kebudget2011 ажурирани од @Ukenyatta и неговиот тим… одлична работа!

Пред ова со буџетот, Зиндуа Кионгози го изјави следново:

Немојте да се жалите дека не сте биле вклучени во процесот на изготвување на буџетот за 2011 год., или во најмала рака, тоа е она што Министерот за финансии на Кенија ќе им го каже на сите скептици по завршувањето на крајниот рок за доставување коментари во врска со процесот на изготвување на буџетот во петок. Министерот на неговата страница на Фејсбук интегрираше апликација за буџетот за 2011 год. која што обезбедува некои едноставни инструкции за тоа како може да учествувате во процесот.

Буџетот за 2011 год. на Фејсбук

Апликацијата потпомогната од Google Docs овозможи граѓаните да одредат приоритети за буџетот, како и да дадат предлози преку потполнување на формулар кој ги категоризира коментарите во клучните области поврзани со буџетот. Имате помалку од 48 часа да ги доставите вашите коментари или предлози до крајниот рок во петок на 13 мај.

SportsKenya позитивно критикуваше:

Цитат од изјавата:
„…освен вклучувањето во овие активности, исто така би сакал да ги охрабрам да ги негуваат своите таленти и во областа на спортот. Повторно и повторно, нашите млади ја прават оваа земја горда со исклучителни изведби на меѓународните турнири во различни дисциплини. (… се е добро до сега)
Верувам дека јасна инвестиција во спортот поддржана од соодветен менаџмент, може да ја направи  оваа активност, која привлекува илјадници наши млади луѓе, во одржлива работа. На нашата младина треба да и се дозволи да ги следи своите соништа и да создаваат кариери со спортот. (добро кажано Господине Министер)
Досега, јас распределив 210 милиони ( 1 милион за секој округ) во конкурентни спортови за младите низ земјава. Ќе бидат искористени за купување трофеи, парични награди за натпреварувачките тимови, како и за компензација за официјалните лица кои ја надгледуваат таквата иницијатива. (… сега звучите двосмислено Господине, која спортска дисциплина, а тоа звучи премногу ситно освен доколку одржувате по еден турнир годишно)
Приватните компании во нивните буџети за социјална одговорност да го пресметаат овој износ, во најмала рака на основа шилинг-шилинг. (… добро е што им давате предизвик на приватните компании кои имаат огромна заработка да вложат ситни суми во спортот, но тој збор социјална одговорност просто ме нервира)

Да не се навраќаме повторно на гореспоменатото, веруваме дека Министерството можеше да направи повеќе за да ја поттикне спортската индустрија. Како што веќе кажавме (а и како што тој изјави), спортот може да биде работа за многумина, ако се употребат правилни инвестиции и правилен менаџмент со нив.

 

За анализите на буџетот, Blogger Kebati изјавува дека е импресиониран од зборовите на Министерот:

Сакам да заклучам дека ова се зборовите на Ухуру Кенјата, Министер за финансии на Кенија, како што тој ги заврши проекциите за буџетот за 2011/2012 год.

„Важно е да се забележи дека 50% од доставените коментари се примени од жители на Кенија на возраст од 18 до 30 и јас би сакал посебно да ја пофалам оваа група на млади луѓе кои самите ја користат технологијата за да соработуваат со владата преку ИТ и социјалните медиуми, за што верувам дека е новиот свод за поврзување со јавноста. Г-дине Портпарол, би сакал да Ве охрабрам и Вас и членовите на куќата, кои сеуште не се на овие форуми, да се придружите на Фејсбук и Твитер и други слични платформи преку кои можете директно и конструктивно во реално време да се поврзете со граѓаните на Кенија.”

Како што се повеќе граѓани на Кенија ги употребуваат социјалните медиуми, очигледно е дека граѓаните сѐ повеќе се поттикнати да бидат дел од јавниот процес на правење политика. Министерот за финансии на Кенија го покажа ова во неговиот говор за буџетот за 2011 год. Дали повеќе африкански лидери ќе го следат ова?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.